wiki:СправувањеПроблемМенаџер

Version 1 (modified by Даниел Димовски, 6 years ago) ( diff )

--

Справување со проблем на пат - Менаџер

Актери:

  • Менаџер - Донесува одлука каде, кога и на кој начин треба да се реагира врз основа на добиените и анализирани информации добиени од аналитичарот
  • Работник - Директно инволвиран во решавање на проблемите на патиштата по добиени инструкции од менаџерот

Предуслови:

  • Менаџерот е известен за проблем на одреден патен правец

Сценарио:

  1. Системот го известува менаџерот за проблем на одреден патен правец и прикажува извештај за проблемот
  2. Менаџерот отвора налог за решавање на проблемот
  3. Системот прикажува листа на слободни работници кои се во близина
  4. Менаџерот избира тим од работници кои треба да го решат проблемот
  5. Види use-case "Решавање на проблем на пат"

Пост-услови:

  • Распределена е екипа од работници кои треба да го решат проблемот
Note: See TracWiki for help on using the wiki.