Визија
1. Вовед
Целта на нашата веб апликација е олеснување на секој студент на ФИНКИ при изборот на изборни предмети. Воедно секој корисник на нашата апликација ќе има прилагодено пребарување врз основа на положени предмети, лични преференци и слично.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Проблем на | Студентите при избор на изборен предмет имаат премногу опции, но немаат доволно потврдени информации за истите, што го прави процесот на бирање изборни предмети поконфузен. |
---|---|
ги засега | Студентите на ФИНКИ |
со последици како | Бирање на несоодветни предмети. |
успешно решение би било | Веб апликација која користи некаков алгоритам за лична препорака специфична за секој студент. |
2.2 Позиција на пазарот
За | студенти на ФИНКИ |
---|---|
Кои | не се сигурни при избор на изборен предмет |
ИзбериИзборен | е систем за препорака на изборни предмети |
Која овозможува | персонализирани препораки за изборните предмети |
За разлика од | мануелно пребарување на изборните предмети |
Нашиот продукт | нуди алгоритам кој ќе помогне во процесот на бирање изборни предмети, и приказ на сите |
3. Опис на засегнати лица
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорност |
---|---|---|
Студент | Корисник на апликацијата | Користење на апликацијата |
Развивач на апликација | Одржувач на апликацијата и лице во случај на технички проблеми | Често одржување на апликацијата како и пронаоѓање на потенцијални грешки во системот |
Администратор | Прегледувач | Прегледувач на содржината на страната со пермисии за нејзино менување. |
Супер администратор | Распределувач на пермисии | Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата |
3.2 Корисничка средина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој мобилен телефон или компјутер, со достапост до интернет, веб прелистувач и најава преку CAS како единствени ограничувања.
4. Преглед на продуктот
4.1 Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики |
---|---|---|
Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб апликацијата |
Преглед на препораки | Висок | Приказ на препораките од алгоритмот |
Преглед на положени предмети | Висок | Приказ на положените предмети и оценките по истите |
Филтрирање | Среден | Можност за филтрирање на изборни предмети според различни интереси |
Пребарување | Среден | Пребарување на одреден изборен предмет според име |
5. Други барања
Барање | Приоритет |
---|---|
Интернет конекција | Задолжително |
Мобилен телефон или компјутер | Задолжително |
Веб прелистувач | Задолжително |
Last modified
6 weeks ago
Last modified on 04/30/25 20:43:29
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.