wiki:UseCaseImplementationsFinal

Version 3 (modified by 223021, 3 months ago) ( diff )

--

Финална имплементација на случаи на употреба

Регистриран корисник - Работобарател (Job Seeker)

ИД X - Најава со Google

За најава со Google акаунт, корисникот тоа го прави со притискање на копчето „Sign in with Google“ каде се отвара прозорец со сите негови сметки.

По одбирање на соодветниот акаунт, се повикува функција која испраќа POST request до backend апликацијата заедно со tokenId.

Во backend апликацијата, request-от е пресретнат од контролер кој што содржи метод со соодветен API endpoint, кој пак го проследува токенот до сервис каде што се наоѓа целата логика.

Методот кој што се повикува од сервисот прво го автентификува корисникот преку неговиот токен со Google Id Token Verifier (достапно во целосниот изворен код), а потоа користејќи ја неговата е-маил адреса, се обидуваме преку repository-то за Job Seeker да го пронајдеме во датабазата. Доколку најдеме корисник со таа е-маил адреса, генерираме JWT и го испраќаме назад, заедно со неговото име, улога и останати работи. Во спротивно, дополнително креираме нов објект од класата Job Seeker, каде ги поставуваме соодветните податоци за корисникот, без лозинка и го зачувуваме корисникот во датабаза преку repository-то. Веднаш потоа се повикува и методот submitGoogleProfilePic кој служи за зачувување на неговата профилна слика.

Имено тука прво правиме објект од тип URL преку string-от, каде преку него ја читаме сликата како Buffered Image. Потоа на сликата се прави конверзија во низа од бајти и така се зачувува како Multipart File. Од тука се повикува стандардниот метод за зачувување на слики во датабазата, истиот кој се користи и при upload на профилни слики на корисниците.

Регистриран корисник - Работодавец (Recruiter)

ИД 7 - Ажурирање на статус на апликација (Е-маил нотификации)

Attachments (10)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.