wiki:UseCaseScenarios

Version 12 (modified by 223021, 5 months ago) ( diff )

--

Сценарија на случаи на употреба

Нерегистриран корисник

ИД 1
Име на корисничко сценарио Преглед на оглас за работа
Цел во контекст на системот Корисникот бара да ги види деталите поврзани со тој оглас
Актери Нерегистриран корисник или регистриран корисник
Тригер Корисникот притиска на копчето „Read More“ на посакуваниот оглас
Предуслов Да постои барем еден успешно објавен оглас (сценарио со ИД 5)
Состојба при успешен крај Огласот со сите негови информации е вчитан и прикажан на екранот на корисникот
Состојба при неуспешен крај Огласот не е вчитан и корисникот гледа error страница
Нормален тек 1. На почетната страна, системот ги прикажува сите објавени огласи за работа.
2. Дополнително, корисникот може да ги филтрира огласите по име на работна позиција, индустрија како и да ги сортира по висина на плата и дата на постирање.
3. Корисникот го наоѓа потенцијално интересениот оглас и притиска на копчето "Read More".
4. Системот ги прикажува деталите за огласот вклучувајќи опис на позицијата, услови, датум до кога е огласот активен на нова страница и корисникот ги прегледува.
ИД X
Дополнително корисничко сценарио (extended) Преглед на профил на компанија
Дополнителен тек 5. Корисникот притиска на името на името на компанијата поставено во About the company делот.
6. Системот го пренасочува корисникот на нова страна каде се прикажува профилот на компанијата (податоци за компанијата, активни огласи, лого, банер) и корисникот го прегледува истиот.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Must have
Фреквенција на користење Според потреба на корисникот

Регистриран корисник - Работобарател (Job Seeker) и Работодавец (Recruiter)

ИД 2
Име на корисничко сценарио Уредување на профил
Цел во контекст на системот Корисникот ја менува профилната слика/логото и личните податоци зачувани за него
Актери Регистриран корисник - Работобарател (Job Seeker) или Работодавец (Recruiter)
Тригер Корисникот притиска на копчето за едитирање на профил
Предуслов Да биде најавен
Состојба при успешен крај Корисникот добива порака за успешно извршени промени
Состојба при неуспешен крај Корисникот добива порака за неуспешно извршени промени
Нормален тек 1. Корисникот притиска на копчето за едитирање на неговиот профил поставено во навигацискиот бар.
2. Системот ги прикажува сите лични информации на корисникот на нова страница.
3. Корисникот ги менува потребните информации во input полињата или upload-нува нова слика.
4. Корисникот притиска на копчето "Save changes"
5. Системот му испраќа порака за успешно завршена акција.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Should have
Фреквенција на користење Според потреба на корисникот

Регистриран корисник - Работобарател (Job Seeker)

ИД 3
Име на корисничко сценарио Аплицирање на оглас за работа
Цел во контекст на системот Корисникот прави апликација за одреден оглас за работа
Актери Регистриран корисник - Работобарател (Job Seeker)
Тригер Корисникот притиска на копчето „Аплицирај“ со цел да аплицира на оглас за работа
Предуслов Да биде најавен како Работобарател (Job Seeker) и да постои барем еден успешно објавен оглас (сценарио со ИД 5)
Состојба при успешен крај Корисникот добива порака за успешно испратена апликација и апликацијата е видлива за соодветниот работодавец
Состојба при неуспешен крај Корисникот добива порака за неуспешно испратена локација
Нормален тек 1. На почетната страна, системот ги прикажува сите објавени огласи за работа.
2. Дополнително, корисникот може да ги филтрира огласите по име на работна позиција, индустрија и период на објавување како и да ги сортира по висина на плата, дата на постирање и слично.
3. Корисникот го наоѓа потенцијално интересениот оглас и притиска на копчето "Read More".
4. Корисникот притиска на копчето „Apply now“ и му се отвара форма за пополнување во модален прозорец.
5. Корисникот ги внесува потребните лични информации, прикачува CV и одговара на соодветните прашања.
6. Корисникот притиска на копчето „Submit“ и модалниот прозорец се затвора.
7. Системот му испраќа порака за успешно испратена апликација.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Must have
Фреквенција на користење Според потреба на корисникот


ИД 4
Име на корисничко сценарио Преглед на статус на апликација
Цел во контекст на системот Корисникот бара да го види статусот на неговата апликација
Актери Регистриран корисник - Работобарател (Job Seeker)
Тригер Корисникот го вчитува панелот „My Applications“
Предуслов Да биде најавен како Работобарател (Job Seeker) и да има успешно аплицирано на оглас за работа (сценариото со ИД 3)
Состојба при успешен крај Корисникот го има видено стасусот на посакуваната апликација
Состојба при неуспешен крај Корисникот не ја наоѓа посакуваната апликација
Нормален тек 1. Корисникот пристапува до панелот „My Applications“
2. Системот ги прикажува сите апликации кои корисникот ги испратил на нова страница.
3. Корисникот ја наоѓа бараната апликација и го гледа статусот запишан до неа.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Should have
Фреквенција на користење Според потреба на корисникот

Регистриран корисник - Работодавец (Recruiter)

ИД 5
Име на корисничко сценарио Менаџирање со огласи за работа
Цел во контекст на системот Корисникот додава оглас за работа
Актери Регистриран корисник - Работодавец (Recruiter)
Тригер Корисникот го притиска копчето за додавање оглас
Предуслов Да биде најавен како Работодавец (Recruiter)
Состојба при успешен крај Корисникот добива порака за успешно поставен оглас и огласот е видлив за сите корисници
Состојба при неуспешен крај Корисникот добива порака за неуспешно поставен оглас
Нормален тек 1. Корисникот притиска на панелот "Job Management Hub" и системот ги прикажува сите огласи кои корисникот ги има објавено.
2. Корисникот го притиска копчето "Post Job Advertisement" и му се отвара форма за пополнување во модален прозорец.
3. Корисникот ги внесува потребните информации за работната позиција во формата.
4. Корисникот притиска на копчето "Submit" и модалниот прозорец се затвора.
5. Системот му испраќа порака за успешно објавен оглас за работа/пракса.
6. Дополнително, корисникот има можност да го ажурира и избрише истиот оглас.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Must have
Фреквенција на користење Според потреба на корисникот


ИД 6
Име на корисничко сценарио Преглед на апликација
Цел во контекст на системот Корисникот бара да види детали од апликација за соодветен оглас за работа
Актери Регистриран корисник - Работодавец
Тригер Корисникот го вчитува панелот „Job Management Hub“
Предуслов Да биде најавен како Работодавец, да има успешно објавен оглас (сценарио со ИД 5) и барем еден Работобарател да има успешно аплицирано (сценарио со ИД 3)
Состојба при успешен крај Апликацијата со сите нејзини детали е вчитана и прикажана на екранот на корисникот
Состојба при неуспешен крај Корисникот добива порака за грешка
Нормален тек 1. Корисникот притиска на панелот "Job Management Hub" и системот ги прикажува сите огласи кои корисникот ги има објавено.
2. Корисникот го наоѓа посакуваниот оглас и притиска на копчето "View Applications" поставено до него.
3. Системот ги прикажува сите испратени апликации за соодветниот оглас на нова страна.
4. Корисникот притиска на апликацијата и се отвара модален прозорец со пополнета форма на соодветната апликација
5. Корисникот ја прегледува и анализира апликацијата.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Must have
Фреквенција на користење Според број на испратени апликации од работобаратели


ИД 7
Име на корисничко сценарио Ажурирање на статус на апликација
Цел во контекст на системот Корисникот бара да види детали од апликација за соодветен оглас за работа
Актери Регистриран корисник - Работодавец
Тригер Корисникот го вчитува панелот „Job Management Hub“
Предуслов Да биде најавен како Работодавец, да има успешно објавен оглас (сценарио со ИД 5) и барем еден Работобарател да има успешно аплицирано (сценарио со ИД 3)
Состојба при успешен крај Корисникот добива порака за успешно ажуриран статус на апликација и промената е видлива за корисникот кој ја поднел апликацијата
Состојба при неуспешен крај Корисникот добива порака за неуспешно ажуриран статус на апликација
Нормален тек 1. Корисникот притиска на панелот „Job Management Hub“ и системот ги прикажува сите огласи кои корисникот ги има објавено.
2. Корисникот го наоѓа посакуваниот оглас и притиска на копчето "View Applications" поставено до него.
3. Системот ги прикажува сите испратени апликации за соодветниот оглас на нова страна.
4. Корисникот ја наоѓа бараната апликација и го ажурира нејзиниот статус со притискање на едно од копчињата опции како: „Proposed“ „Under Review“, „Accepted“ и „Denied“ поставени до неа.
5. Промената е видлива за корисникот кој ја има поднесено апликацијата
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Must have
Фреквенција на користење Според број на испратени апликации од работобаратели

Регистриран корисник - Администратор

ИД 8
Име на корисничко сценарио Доделување или одбивање пристап до веб апликација на работодавци
Цел во контекст на системот Администраторот доделува привилегии на новорегистрираниот работодавец за користење на веб апликацијата
Актери Администратор
Тригер Корисникот го наоѓа новорегистрираниот работодавец во табелата
Предуслов Да биде најавен како Администратор
Состојба при успешен крај Пристап до веб апликацијата на работодавецот е доделен или одбиен
Состојба при неуспешен крај Администраторот добива порака за грешка
Нормален тек 1. Администраторот притиска на панелот „Admin Panel“ и системот ги прикажува ново-регистрираните работодавци во табела.
2. Администраторот стапува во контакт со работодавецот користејќи ги информациите оставени од истиот и го автентицира.
3. Администраторот притиска на копчето за доделување пристап на работодавецот до веб апликацијата, поставено во табелата.
Исклучоци Недостапност на системот
Приоритет Must have
Фреквенција на користење Според број на ново-регистрирани работодавци
Note: See TracWiki for help on using the wiki.