wiki:UseCaseImplementations

Имплементација на случаи на употреба

На следната табела се прикажани сработените кориснички сценарија:

ID Use Case
1 Регистрација
2 Најава
3 Преглед на почетната страна
4 Филтрирање производи
5 Пребарување производи
6 Додавање/менување производ
7 Прoдавач панел на направени нарачки
8 Историја на нарачки
9 Поднесување нарачка
10 Остави оценка (rating, review)


Нерегистриран Корисник

Use Case ID: 1 – Регистрација


Корисникот го кликнува копчето за регистрација со што се извршува основна валидација на формата на клиентска страна (ако станува збор за купувач, последната селекција од регистрацијата не треба да биде селектирана).
Потоа аuthContext праќа POST барање до backend (аuth.js/register). По успешен одговор од серверот, аuthContext ја зачувува корисничката информација во својот локален state и ја запишува во localStorage за постојана сесија и побрзо ажурирање.

На серверот се извршува повторна валидација и проверка дали веќе постои корисник со дадените податоци. Ако валидацијата е успешна, backend креира нов запис во табелата users и враќа информации за корисникот. На серверот се валидира, проверува дали корисникот постои, хешира лозинка и креира запис во датабазата.

Use Case ID: 2 – Најава

Корисникот притиска „Log in“ копче на страницата.


Клиентот повикува login() од аuthContext, која потоа праќа POST барање /api/auth/login до backend. Кај фронтенд, при успех кај серверот, аuthContext ја обновува состојбата (и запишува во localStorage-за повторно вчитување по refresh).

Backend контролер ја верификува лозинката, креира JWT токен и враќа user + token.

Најавен Корисник

Use Case ID: 3 – Преглед на почетната страна


За да ги преземе информациите за продуктите од backend-от ја повикува функцијата fetchProducts.
Вackend-от во базата ги зачувува податоците за продуктите и потоа тие ги враќа назад на frontent-от во вид на јson формат.

Use Case ID: 4 – Филтрирање производи

Корисникот внесува текст во полето за пребарување и/или избира категорија.
По избраната категорија со функцијата handleCategoryChange се повикува fetchCategories(filters) од productContext. ProductContext праќа HTTP GET и се поврзува со backend-от и на ист принцип како кај Home ги земa продуктите, само што сега го зачувува филтерот и после од базата каде што се наоѓаат сите продукти ги избера само оние кои ја имаат таа категорија (тоа id). Kонтекстот го ажурира products и loading. Home компонентата се ререндерира и прикажува филтрираните резултати.

Use Case ID: 5 – Пребарување производи


Принципот на функционирање е ист како и кај филтрирање, само што наместо fetchCategories() се повикува fetchProducts().

Доколку сака да пребара дефиниран продукт или да отвори некој продукт, за да ги земе информациите се праќа барање до backend-от со тоа ид за прозвод, проверува дали го има тој продукт (со тоа ид) во базата и ако го има го враќа назад како одговор.

Use Case ID: 6 – Додавање/Менување производ

Kреирање производ

Откако ќе се пополнаат потребните информации, се повикува функцијата од productContext што креира нов производ преку API. Прима објект со внесените податоци и креира FormData за да ги смести текстот и датотеките (сликите) заедно.

Потоа прави POST барање до /products во backend-от за да ги зачува промените.

Уреди производ

Кога ќе се променат информациите, со кликање на submit копчето, преку функцијата submit handler која се повикува кога корисникот поднесува формата за уредување на продукт се праќа PUT барање до /products/{id} (за ажурирање на постоечки податоци на серверот).

Го зема прозводот со неговите податоци, бара да биде спроведена автентикација како продавач, и да може да има максимум 5 слики. Проверува во базата дали тој продукт веќе постои и припаѓа на корисник. Потоа ги парсира постоечките слики од JSON. Ако има ставено нови слики, ги додава во низа со постоечките и на крај ги зема првите 5 слики (услов). Ја ажурира базата со новите вредности и го враќа променетиот продукт.

Aктивирај/деактивирај производ


Функцијата handleDeleteProduct праќа DELETE барање до серверот за да го деактивира (soft delete). Потоа ја менува листата на продукти со новите промени со функцијата fetchUserProducts. Кај повторно активирање на даден производ со функцијата handleReactivateProduct се прави истото како кај деактивирање само се користи PATCH HTTP метод за делумно ажурирање на информации на серверот.

Избриши производ

Функцијата handlePermanentDelete праќа постојано (permanent) DELETE барање до серверот за да ги избрише податоците. Го предупредува корисникот за сигурноста во неговата постапка за бришење и ако таа одлука е потврдна потоа ја ажурира листата на продукти со новата промена.
За да може целосно да го избрише производот, мора да е автентициран како продавач и да биде негов производ. Ако постои тој производ и припаѓа на соодветниот продавач го наоѓа во базата, проверува дали прво е деактивиран па потоа го брише од базата и појавува порака за успешно бришење.

Use Case ID: 7 – Преглед на панелот на направени нарачки

Ги прикажува сите нарачки кои кои содржат производи од логираниот продавач. Се прави GET повик кон backend (/orders/admin/all) и се добиваат нарачките.

Смени статус на нарачка

По добивање, може да се применува клиентско филтрирање со помош на функцијата useCallback се филтрира со зависност филтер по статус (all, pending, confirmed, processing, shipped, delivered, cancelled).
Еве како изгледа backend-ot за да се смени статусот. Се овозможува на продавачите да го ажурираат статусот на нарачка, при што се проверува дали статусот е валиден. Ако нарачката се откаже, автоматски се враќаат количините на производите во магацин.

Use Case ID: 8 – Историја на нарачки

Се презема историјатот на нарачки на најавениот корисник. За секоја нарачка се земмаат продуктите кои биле нарачани и се прикажуваат основни информации.

Use Case ID: 9 – Поднесување нарачка

Поднесување на нарачката и приказ на историјата на нарачки.
Kорисникот да креира нарачка од производите во својата кошничка. Се проверува залихата и се пресметува вкупната сума. Ако сè е во ред, се креира нарачка, артиклите се зачувуваат во базата, се намалува залихата, а кошничката се празни.

Use Case ID: 10 – Остави оценка (rating, review)


Функцијата fetchReviews ги зима review-ата од серверот за одреден производ според неговото id. Се вчитуваат податоците и се праќа барање до серверот за да се земат review-ата. handleReviewAdded функцијата се повикува кога ќе се додаде нова рецензија. Се додава новата рецензија на врвот на листата, се затвора формата за додавање рецензија се зголемува бројот на рецензии. Функцијата handleReviewUpdate се повикува кога се менува/уредува постоечка рецензија и ги сменува старите со новите податоци, со handleReviewDelete се филтрира листата и ги враќа само оние рецензии чие id не е еднакво на reviewId, односно ја трга избришаната.
На страната на серверот прво се преземаат сите рецензии за продуктот, поточно се зема зема id-то на продуктот и содветните информации од базата, се поставуваат различните начини за сортирање на review-ата и ја сортира базата според одредениот тип на сортирање (најнови/најстари, најдобар рејтин/најмал, најкорисни). Потоа се брои вкупно рецензии, просечен рејтинг и распределба по ѕвезди (1-5). И на крај враќа одговор (листа на рецензии, статистики (вкупно, просек, распределба) и pagination (страна, лимит, вкупно страни)).

За да додаде рецензија, прво зема податоци од корисник, проверува во база дали продуктот постои и е активен и дали претходно има оставено тој корисник review и rating. Исто така проверува дали корисникот го има купено продуктот (за верифицирана рецензија) и на крај додава нова рецензија во базата со внесените податоци од корицникот.

Во продолжение даден е backend-от за ажурирање на податоците за review и бришење на review.

Понатаму има можност автентициран корисник да гласа дали нечија рецензија е корисна или не, но не може да гласа за своја рецензија. Ако корисникот веќе гласал, гласот се ажурира; ако не, се зачувува нов глас. На крај, бројот на корисни гласови се пресметува и се ажурира во табелата за рецензии.

Last modified 10 days ago Last modified on 10/06/25 21:41:03

Attachments (57)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.