wiki:Vision

Визија

1. Вовед

Целта на нашата апликација е да создаде специјализирана e-commerce платформа наменета за локалниот пазар во Северна Македонија, која ќе ги обедини домашните производители и трговци на едно место. Преку оваа платформа, корисниците ќе имаат лесен пристап до локалните македонски производи, додека производителите ќе добијат дигитален простор за промоција и продажба. Апликацијата Kupi.mk има за цел да го поттикне растот на домашното претприемништво, да ја зајакне локалната економија и да ги приближи македонските производи до крајните купувачи во земјата, со што ќе се олесни пристапот на македонските купувачи до локални брендови. Преку интуитивен интерфејс, систем за категории и пребарување, безбедно плаќање и можност за кориснички мислења и оценки, платформата ќе создаде силна врска помеѓу локалните продавачи и потрошувачите во Северна Македонија.

2. Позиционирање

2.1 Дефиницја на проблем

Тема на проблем Домашните производители и трговци во Северна Македонија немаат централна онлајн платформа каде што можат да ги претстават и продаваат своите производи, па затоа тие користат социјални мрежи, а тоа предизвикува потешка достапност од страна на потрошувачите.
Кого засега Домашните мали и средни претпријатија, локални занаетчии и трговци, како и самите купувачи.
Со последици како Недоволна изложеност на пазарот, слаба промоција и продажба на домашни производи, зависност од странски платформи, отежнат пристап на купувачите до локални брендови, и помала поддршка за домашната економија.
Успешно решение би било Веб апликација која би го поттикнала народот да купува македонски производи преку централизирана e-commerce платформа каде што сите домашни производители и трговци ќе можат да ги изложат и продаваат своите производи, со што ќе се олесни поврзаноста меѓу купувачите и локалните бизниси

2.2 Позиција на пазарот

За Купувачи во Северна Македонија и домашни производители/трговци
Кои Имаат потреба од едноставна и сигурна платформа за купување/продавање македонски производи
FINKI-Ranked Е веб апликација за онлајн купување и продажба со поддршка на локални бизниси
За разлика од Неструктурирана продажба преку различни социјални мрежи и зависност од странски платформи. Плаќањето е преку договор по приватна порака, а не преку безбеден онлајн систем. Купувачот не знае точно дали производот е достапен, колку чини доставата, или кога ќе стигне.
Нашиот продукт Обезбедува централизирано, достапно и безбедно онлајн место за македонското производство и локалната економија

3. Опис на засегнатите лица

3.1 Преглед

Име Опис Одговорности
Купувач Корисник кој ја користи платформата за купување македонски производи Пребарување, избор и нарачка на производи
Продавач Домашен производител или трговец кој ги изложува своите производи на платформата Управување со продуктите, обработка на нарачки
Администратор Одговорен за одржување и модерација на платформата Одобрување на производи, следење на кориснички активности, техничка поддршка

3.2 Корисничка околина

Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до платформата преку било кој уред со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.

4. Преглед на производот

4.1 Барања од страна на купувач

Потреба Приоритет Карактеристики
Регистрација и најава Висок Корисниците можат да креираат профил и да се најавуваат преку email
Преглед на производи Висок Приказ на производи според категории, филтри и пребарување
Управување со производи Висок Продавачите можат да додаваат, менуваат и бришат производи
Нарачка и плаќање Висок Безбедна онлајн нарачка и опции за плаќање
Потврда за нарачка преку е-пошта Висок Купувачот добива автоматска е-пошта со детали за нарачката веднаш по нејзиното креирање
Кориснички оценки и прегледи Среден Купувачите можат да оставаат оценки и коментари за производите

4.2 Барања од страна на продавач

Потреба Приоритет Карактеристики
Регистрација и најава Висок Корисниците и продавачите можат да креираат профил и да се најавуваат преку email
Преглед на производи Висок Приказ на производи според категории, филтри и пребарување
Управување со производи Висок Продавачите можат да додаваат, уредуваат и бришат производи преку сопствен панел
Следење на нарачки од страна на продавачот Висок Продавачите добиваат известување за нови нарачки и можат да ја следат нивната состојба
Управување со профил на продавница Среден Можност за уредување на информации за продавницата: име, опис, контакт, лого
Комуникација со купувачи Среден Продавачите можат да комуницираат со купувачите со помош на пораки или известувања пратени преку е-mail
Исплата кон продавач Висок По завршена нарачка, средствата се префрлаат на сметката на продавачот преку сигурен систем за исплата

5. Други барања

Барање Приоритет
Интернет конекција Висок
Уред со веб прелистувач Висок
Сигурна обработка на податоци Висок
Потреба на личен профил на корисник Висок
Потреба на профил од страната на продавачот Висок
Last modified 9 days ago Last modified on 07/09/25 16:38:41
Note: See TracWiki for help on using the wiki.