Цели, предности и проценети ризици
1. Цели
- Овозможување на директен и персонален начин на наоѓање филмови и серии
- Зголемување на изборот на содржини преку агрегирање од голем број архиви и стриминг платформи
- Агрегирање на содржини од различни земји и на различни јазици, што би задоволило поголем број на корисници
- Заштеда на време за пребарување
- Подобрено корисничко задоволство за привлекување на нови корисници
2. Предности
- Побрз начин на наоѓање нови и занимливи содржини
- Едноставен и интуитивен интерфејс за прелистување низ сите понудени содржини
- Поставување на превод за содржините; голем избор на јазици
- Лесна достапност на содржините
3. Проценети ризици
Ред. бр. | Датум | Наслов | Опис | Тип | Влијание | Веројатност | Магнитуда | Справување со проблемот |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Неприфаќање на апликацијата од корисникот | Корисниците не се задоволни од изгледот и организацијата на апликацијата | Индиректен | 2 | 0.2 | 0.4 | Обновување на апликацијата со нов и поинтуитивен интерфејс | |
2 | Загуба на податоците од базата | Загуба на податоците од базата поради софтверски грешки или хакерски напад врз апликацијата | Директен | 5 | 0.1 | 0.5 | Правење на back-up на податоците и градење сигурна софтверска архитектура | |
3 | Неовластен пристап до кориснички податоци | Неовластен пристап до кориснички податоци како што се е-пошта, лозинката на корисникот и листа на претходно гледани содржини | Директен | 5 | 0.2 | 1 | Сигурна енкрипција на податоците и детална автентикација за пристапи | |
4 | Мал или нерелевантен избор на содржина после одговарање на прашалникот | Понуда на помал и нерелевантен избор на содржини откако корисникот ќе го одговори првичниот прашалник | Индиректен | 3 | 0.5 | 1.5 | Додавање дополнителни прашања за тоа што би сакал да гледа корисникот. Подетално разгранување на жанрови и интереси за формирање подетален, но интересен прашалник | |
5 | Ниска конверзија од ненајавени на најавени корисници | Поголем број на корисници не сметаат дека има потреба да направат кориснички профил за максимално да го искористат продуктот | Директен | 3 | 0.7 | 2.1 | Понуда на ограничени функционалности за поттикнување кон најава |
Last modified
5 days ago
Last modified on 06/23/25 03:28:03
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.