wiki:BusinessCase

Version 12 (modified by 233061, 5 days ago) ( diff )

--

Цели, предности и проценети ризици

1. Цели

  • Овозможување на директен и персонален начин на наоѓање филмови и серии
  • Зголемување на изборот на содржини преку агрегирање од голем број архиви и стриминг платформи
  • Агрегирање на содржини од различни земји и на различни јазици, што би задоволило поголем број на корисници
  • Заштеда на време за пребарување
  • Подобрено корисничко задоволство за привлекување на нови корисници

2. Предности

  • Побрз начин на наоѓање нови и занимливи содржини
  • Едноставен и интуитивен интерфејс за прелистување низ сите понудени содржини
  • Поставување на превод за содржините; голем избор на јазици
  • Лесна достапност на содржините

3. Проценети ризици

Ред. бр. Датум Наслов Опис Тип Влијание Веројатност Магнитуда Справување со проблемот
1 Неприфаќање на апликацијата од корисникот Корисниците не се задоволни од изгледот и организацијата на апликацијата Индиректен 2 0.2 0.4 Обновување на апликацијата со нов и поинтуитивен интерфејс
2 Загуба на податоците од базата Загуба на податоците од базата поради софтверски грешки или хакерски напад врз апликацијата Директен 5 0.1 0.5 Правење на back-up на податоците и градење сигурна софтверска архитектура
3 Неовластен пристап до кориснички податоци Неовластен пристап до кориснички податоци како што се е-пошта, лозинката на корисникот и листа на претходно гледани содржини Директен 5 0.2 1 Сигурна енкрипција на податоците и детална автентикација за пристапи
4 Мал или нерелевантен избор на содржина после одговарање на прашалникот Понуда на помал и нерелевантен избор на содржини откако корисникот ќе го одговори првичниот прашалник Индиректен 3 0.5 1.5 Додавање дополнителни прашања за тоа што би сакал да гледа корисникот. Подетално разгранување на жанрови и интереси за формирање подетален, но интересен прашалник
5 Ниска конверзија од ненајавени на најавени корисници Поголем број на корисници не сметаат дека има потреба да направат кориснички профил за максимално да го искористат продуктот Директен 3 0.7 2.1 Понуда на ограничени функционалности за поттикнување кон најава
Note: See TracWiki for help on using the wiki.