wiki:Визија

Version 15 (modified by 111063, 10 years ago) ( diff )

--

Најди Билет

ВИЗИЈА

1.Вовед

Целта на овој документ е да ги анализира и дефинира потребите на најдиБилет.мк.

2. Позиционирање

2.1. Бизнис можности

Во моментот има само еден македонски веб сајт за продажба на билети, меѓутоа не за секаков вид настани. Целта на нашиот веб сајт е да ги опфати сите видови настани и да им овозможи на корисниците брзо, лесно и во било кое време да можат да купат билет за настанот на којшто сакаат да присуствуваат.

2.2 Дефинирање на проблем

Проблемот е неможноста да се купи билет онлајн за било кој настан и истиот
влијае на корисниците кои сакаат да присуствуваат на некој настан
што резултира со купување на билети директно од билетара.
Успешно решение би било она коешто ќе овозможи купување на билети онлајн во секое време за било кој настан.

2.3. Позиионирање на продуктот

За корисниците
Кои сакаат да присуствуваат на некој настан.
Најди Билет е онлајн продавница
што овозможува купување на билети
за разлика од конкуренцијата
нашиот продукт ги опфаќа сите настани во околината.

3. Стеикхолдери

3.1 Опис на стеикхолдери

Тип на корисници Опис Улога
Крајни корисници Корисници што присуствуваат на настани (музички, спортски, културни...) Ќе го користат системот и ќе купуваат билети.
Продавачи на билети Соработници коишто сакаат да продаваат билети Обезбедуваат билети.

3.2 Околина Корисниците имаат потреба од основно предзнаење од работа со компјутери и да имаат пристап до Интернет и било каков уред којшто го користи истиот. Исто така треба да имаат кредитна картичка со можност за онлајн плаќање.

4. Преглед на продуктот

4.1 Перспектива на продуктот

Системот е независен и самостоен во однос на архитектурата. За да функционира потполно, потребна е соработка со продавачи на билети и организатори на настани.

4.2 Претпоставки и зависности

  • Се претпоставува дека се организираат културни, спортски, едукативни, забавни и други видови настани во околината.
  • Постојат заинтересирани корисници за настаните.
  • Корисниците не се скептични за онлајн плаќање.
  • Банките нудат можност за плаќање онлајн.
  • Продавачите на билети \ организаторите сакаaт да соработуваат.

4.3 Функционалности

4.3.1. Регистрирање на корисниците

4.3.2. Најава на корисници

4.3.3 Приказ на настани по категории

4.3.4 Купувачка кошничка

4.3.5 Можност за извршување на трансакции

4.4 Алтернативи и конкуренција

За разлика од нашата конкуренција, Најди Билет нуди билети за сите видови на настани на многу локации. Исто така нуди генерирање на конфирмациски кодови кои се добиваат веднаш по купувањето и се користат како замена за физичките влезници. Друга опција за користење на нашиот систем е тоа што може да се користи како информатор за настани, за одреден датум , одредена локација или одреден тип на настани.

5. Останати барања за продуктот

Note: See TracWiki for help on using the wiki.