Визија
1. Вовед
Целта на оваа веб апликација е да им се овозможи платформа на корисниците преку која ќе можат полесно да се држат до нивните нутритивни цели. Веб апликацијата нуди можности за додавање на рецепти, како и пребарување и филтрирање на рецепти поставени од други корисници врз основа на макронутриенти - како што се протеини, масти, јагелхидрати и калории. Дополнително, постои и опција за прикажување на оброци од некои угостителски објекти кои што се транспарентни во однос на составот и нутритивната вредност на нивната храна.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Проблем | Недостаток на платформа за лесно пребарување и споредување на јадења според нутритивни вредности
|
---|
Засегнати страни | Лица кои што имаат било какви диетални цели
|
---|
Последици | Потешкотии во наоѓање соодветна храна, ограничен и монотон избор, губење време во рачно пресметување на вредности
|
---|
Решение | Платформа каде можеш да откриеш, споредиш и споделиш оброци според нутритивни вредности
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | луѓе што внимаваат на исхраната
|
---|
Кои | немаат идеја за оброк кој е во согласност со нивната исхрана
|
---|
Нашиот производ | е веб апликација за пребарување и споделување на рецепти
|
---|
Овозможува | филтрирање според нутритивни вредности
|
---|
За разлика од | стандардни апликации за рецепти
|
---|
Нуди | детално нутритивно филтрирање, оброци од различни извори (корисници, угостителски објекти) и можност за споредување и анализа на нивните макронутриенти
|
---|
3. Опис на засегнатите страни
3.1 Преглед
Засегната страна | Опис | Одговорности
|
---|
Корисник | Краен корисник на апликацијата | Пребарување, креирање оброци, внесување рецепти
|
---|
Угостителски објект | Ресторани/угостителски објекти | Овозможување достапност до информации за јадења и нивните нутритивни вредности
|
---|
Развивачи | Тим за развој | Развој и одржување на системот
|
---|
Администратор | Одобрувач на рецепти | Преглед и верификација на рецепти од корисници
|
---|
3.2 Корисничка околина
Корисниците пребаруваат, додаваат, ажурираат рецепти. Администраторите одобруваат внес и ажурирање на рецепти.
Апликацијата ќе биде достапна преку веб прелистувач на мобилен, таблет или компјутер. Интерфејсот ќе биде интуитивен и прилагоден за лесно пребарување и навигација.
4. Преглед на производот
4.1 Потреби и карактеристики
Функционалност | Приоритет | Опис
|
---|
Регистрација и Најава | Висок | Email логин и регистрација
|
---|
Пребарување по нутритивни вредности | Висок | Филтрирање според протеини, масти, јаглехидрати, калории
|
---|
Внес на рецепти | Висок | Корисниците можат да додаваат свои рецепти со нутритивни вредности
|
---|
Модерација на рецепти | Висок | Одобрување и проверка на кориснички рецепти пред јавно објавување
|
---|
Преглед на јадења од угостителски објекти | Среден | Приказ на достапни јадења од различни угостителски објекти
|
---|
Омилени рецепти | Среден | Преглед на омилени рецепти
|
---|
Оценка на рецепти | Среден | Внесување на оценка за одреден рецепт
|
---|
Неделно мени | Среден | Автоматско генерирање на неделно мени според избрани опции
|
---|
5. Други барања
Барање | Приоритет
|
---|
Уред што може да пристапи до Интернет | Висок
|
---|
Пристап до Интернет | Висок
|
---|
Веб прелистувач | Висок
|
---|