Визија
1. Вовед
Целта на оваа веб апликација е да им се овозможи платформа на корисниците преку која ќе можат полесно да се држат до нивните нутритивни цели. Веб апликацијата нуди можности за додавање на рецепти, како и пребарување и филтрирање на рецепти поставени од други корисници врз основа на макронутриенти - како што се протеини, масти, јагелхидрати и калории. Дополнително, постои и опција за прикажување на оброци од некои угостителски објекти кои што се транспарентни во однос на составот и нутритивната вредност на нивната храна.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
| Проблем | Недостаток на платформа за лесно пребарување и споредување на јадења според нутритивни вредности |
|---|---|
| Засегнати страни | Лица кои што имаат било какви диетални цели |
| Последици | Потешкотии во наоѓање соодветна храна, ограничен и монотон избор, губење време во рачно пресметување на вредности |
| Решение | Платформа каде можеш да откриеш, споредиш и споделиш оброци според нутритивни вредности |
2.2 Позиција на пазарот
| За | луѓе што внимаваат на исхраната |
|---|---|
| Кои | немаат идеја за оброк кој е во согласност со нивната исхрана |
| Нашиот производ | е веб апликација за пребарување и споделување на рецепти |
| Овозможува | филтрирање според нутритивни вредности |
| За разлика од | стандардни апликации за рецепти |
| Нуди | детално нутритивно филтрирање, оброци од различни извори (корисници, угостителски објекти) и можност за споредување и анализа на нивните макронутриенти |
3. Опис на засегнатите страни
3.1 Преглед
| Засегната страна | Опис | Одговорности |
|---|---|---|
| Корисник | Краен корисник на апликацијата | Пребарување, креирање оброци, внесување рецепти |
| Угостителски објект | Ресторани/угостителски објекти | Овозможување достапност до информации за јадења и нивните нутритивни вредности |
| Развивачи | Тим за развој | Развој и одржување на системот |
| Администратор | Одобрувач на рецепти | Преглед и верификација на рецепти од корисници |
3.2 Корисничка околина
Корисниците пребаруваат, додаваат, ажурираат рецепти. Администраторите одобруваат внес и ажурирање на рецепти. Апликацијата ќе биде достапна преку веб прелистувач на мобилен, таблет или компјутер. Интерфејсот ќе биде интуитивен и прилагоден за лесно пребарување и навигација.
4. Преглед на производот
4.1 Потреби и карактеристики
| Функционалност | Приоритет | Опис |
|---|---|---|
| Регистрација и Најава | Висок | Email логин и регистрација |
| Пребарување по нутритивни вредности | Висок | Филтрирање според протеини, масти, јаглехидрати, калории |
| Внес на рецепти | Висок | Корисниците можат да додаваат свои рецепти со нутритивни вредности |
| Модерација на рецепти | Висок | Одобрување и проверка на кориснички рецепти пред јавно објавување |
| Преглед на јадења од угостителски објекти | Среден | Приказ на достапни јадења од различни угостителски објекти |
| Омилени рецепти | Среден | Преглед на омилени рецепти |
| Оценка на рецепти | Среден | Внесување на оценка за одреден рецепт |
| Неделно мени | Среден | Автоматско генерирање на неделно мени според избрани опции |
5. Други барања
| Барање | Приоритет |
|---|---|
| Уред што може да пристапи до Интернет | Висок |
| Пристап до Интернет | Висок |
| Веб прелистувач | Висок |
