| 1 | =Дефинирање на проектот |
| 2 | ==Детален опис на проектот |
| 3 | ===За кого е наменета базата на податоци и проектот? |
| 4 | Базата на податоци ќе биде управувана и поседувана од компанија која обезбедува услуги за посредување помеѓу наставници и ученици. Пристап до системот ќе имаат наставници, ученици, како и администратори кои ќе го одржуваат и подобруваат функционирањето на платформата. |
| 5 | |
| 6 | ===Какви проблеми во образовниот процес ќе решава оваа апликација? |
| 7 | Со оваа апликација ќе се поедностави процесот на организирање приватни часови, комуникацијата меѓу учениците и наставниците, како и следењето на напредокот на учениците. Ќе се решат проблемите како што се: |
| 8 | |
| 9 | Недостаток на централизирана платформа за закажување часови. |
| 10 | Тешкотии во следење на историјата и напредокот на учениците. |
| 11 | Непостојаност во одржувањето на часовите поради недоволна комуникација. |
| 12 | Недостаток на интеграција со календари и систем за потсетници. |
| 13 | ===Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот? |
| 14 | Во системот ќе постојат неколку типови на корисници: |
| 15 | |
| 16 | __Ученици__ – ќе можат да пребаруваат наставници, да закажуваат часови, да добиваат потсетници и да следат извештаи за својот напредок. |
| 17 | __Наставници__ – ќе управуваат со својот распоред, ќе одобруваат или одбиваат барања за часови, ќе водат евиденција за учениците и ќе испраќаат повратни информации. |
| 18 | __Администратори__ – ќе имаат надзор над платформата, ќе управуваат со корисничките профили, ќе ги решаваат техничките проблеми и ќе водат грижа за квалитетот на услугите. |