wiki:About

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Апликацијата и базата од која црпи податоци се наменети за претпријатие кое се занимава со производство и извоз на лекови. Податоците од базата ќе ги пристапува веб апликацијата со која ќе ракуваат вработените - комерцијалисти со фунцкија координатори за извоз.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?:

Целта е да се добие на време при процесот на генерирање на фактури за извоз, заменувајќи ги општите комерцијални решенија како SAP и Access, така што ќе развиеме специјализирана база и веб апликација за потребите на фирмата.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?:

Аплкикацијата е наменета да биде користена од страна на вработените одговорни за извозот. Тие ги имаат и акредитивите за промена на конкретните ставки од базата преку апликацијата, додека директен подробен пристап до базата би имал системскиот администратор.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?:

За целите на фирмата софтверот SAP и веќе постоечката Access база која ја користат вработените, делумно добро го имаат решено проблемот на генерирање на факутури. Но, често настануваат грешки во врска со пресметките за тежината, нето и бруто количината и пакувањето на робата во случајот на SAP. Веќе постоечката Access база не е доволно оптимизирана (со што се губи на време). Сметаме дека со развивање на специјализиран софтвер овој процес ќе се поедностави и забрза за вработените.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?:

Се работи за веб апликација.

Last modified 7 days ago Last modified on 11/27/24 16:31:13
Note: See TracWiki for help on using the wiki.