wiki:WikiStart

Version 13 (modified by 201178, 6 days ago) ( diff )

--

POS HORECA

Краток опис

Веќе некое време работам во хорека секторот и често гледам одблиску колку е хаотично кога сè уште се води на хартија. Келнерите трчаат со бележници, кујната некаде ги губи нарачките, а на крајот од денот сопственикот нема претстава колку точна залиха му останала или кој артикал најмногу се продавал. Рачното внесување е заморно, а грешките се неминовни – погрешна цена, заборавена нарачка или погрешно евидентирана состојба на залихите.

Со креирање на POS HORECA сакам да го решам токму овој проблем. Идејата е да се направи десктоп-базирана апликација која целосно ја дигитализира работата. Наместо бележници, келнерите ќе внесуваат нарачки на екран, кои директно одат до кујната. Системот автоматски ќе ја одзема состојките од залихите, а наплатата ќе биде точна во денар. Ова не само што ќе ја намали човечката грешка на минимум и ќе го забрза процесот, туку ќе му даде на сопственикот моќна алатка за анализа преку извештаи во реално време.

Во иднина, системот би можел да користи и податоци за предвидување на најпрофитабилните денови или набавка на состојки. Името POS HORECA го носам со цел да стане 'рбет на секој успешен ресторан, бар или кафуле. Сакам оваа алатка да стане дел од секојдневието на вработените, правејќи ја работата полесна, а бизнисот попрофитабилен.

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Георги Паунков 201178

Курс:
Бази на податоци во 2025/2026/Зима
Под менторство на:
проф. д-р Вангел Ајановски

Содржина

Фаза Име на фаза Статус
Ф0 Дефинирање на проектот одобрена
Ф1 Концептуален дизајн - ER Дијаграм и податочни побарувања одобрена
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) одобрена
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и сценарија за пристап до базата одобрена
Ф4 Прототип апликација завршена
Milestone 1 Презентација на прототип не е одржана
Ф5 Нормализација одобрена
Ф6 Напредни извештаи од базата (SQL, складирани процедури и релациона алгебра) одобрена
Ф7 Напреден развој на датабаза (Тригери, погледи) одобрена
Ф8 Напреден апликативен развој (Трансакции, Pooling) одобрена
Ф9 Other topics (Performance, Security, ...) одобрена
Milestone 2 Презентација на финалната верзија од проектот не е одржана

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.