wiki:BusinessCase

Version 27 (modified by 216151, 3 years ago) ( diff )

--

Бизнис случај

Ризици

  1. Корисничка злоупотреба на апликацијата (поточно на функционалноста за анонимно коментирање), најчесто во форма на говор на омраза
  2. Недостиг на модераторски персонал или недоволна временска посветеност за справување со ризикот под 1
  3. Содржинска неисполнетост т.е. мал кориснички ангажман во поглед на објавување мислења заради нејасен кориснички интерфејс (на корисникот да му е нејасно за што точно служи апликацијата), слаб публицитет или други фактори
  4. Неконзистентност на секциите за дискусија т.е. записите во податочната база со „реалната“ база на професори и предмети од сите високообразовни институции во Р.М. (нејзиното нецелосно опфаќање и неажурираност)
  5. Ризици заради квалитетот на кодот, пред сè безбедносни (грешки во механизмот за автентикација и управувањето со сесии, XSS, SQLi и други ранливости)

Предности

  1. Фокусираност на една тематика и различна организација на дискусијата од постоечките веб платформи
  2. Можност за искажување мислења кои допираат само до засегнати личности
  3. Поттикнува интеракција помеѓу студенти од исти и различни факултети
  4. Нуди едноставен начин за оставање feedback, со што може да придонесе кон образовниот процес
Note: See TracWiki for help on using the wiki.