1. Вовед
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблемот
Проблемот на | расфрленост на базата од коментари, препораки и останати мислења предимно во врска со изведувањето на наставата и начинот на изучување на материјалот по предметите на македонските факултети
|
---|
кој ги засега | сегашните и идни студенти, факултетските професори
|
---|
чиј последици се | недоволната или погрешна информираност на студентот (пр. при избор на некој предмет или смер), како и немањето најсоодветна опција студентот анонимно или отворено (по избор) да изјави свое мислење, а тоа да допре до максималниот број засегнати индивидуи
|
---|
чие успешно решение би било | едноставна платформа за дискусии поделена по секции како „факултет“, „професор“, „предмет“, понатаму организирани според природата на информациите што некој сака да ги најде или сподели
|
---|
2.2 Позиционирање на производот
За | сегашните и идни студенти
|
---|
кои | сакаат да добијат некаква информација во врска со конкретен професор или предмет или да дадат некаков коментар
|
---|
profesori.mk | е платформа за дискусија од ваков карактер
|
---|
што овозможува | систематизација на дискусијата со цел студентот брзо и интуитивно да истражи информација која го интересира
|
---|
за разлика од | - некои од социјалните мрежи (најчесто Facebook групите) каде: мислењата се сортирани само според времето на објавување, а не според тоа на што се однесуваат, следствено дискусијата е измешана; се наоѓаат веродостојни информации, но отежнато е оставањето на анонимни мислења - форумите кои: се користат сè помалку; исто така мислењата не ги групираат соодветно; има опција за анонимно коментирање, но кредибилитетот на информациите е негарантиран
|
---|
производот | го решава проблемот со организираноста во веќепостоечките опции и комбинира некои од нивните добри аспекти (пр. можноста да се коментира преку верификуван студентски профил или целосно анонимно)
|
---|
3. Засегнати лица
3.1 Преглед
Назив | Опис | Одговорности
|
---|
Студент | Личност која моментално студира или студирала на некоја од високообразовните институции | Доколку придонесува кон содржината на profesori.mk, мислењата ги поставува во правилната секција или потсекција, се труди истите да бидат на пристојно ниво и релевантни. Има одговорност да пријавува содржини кои ги смета за несоодветни.
|
Професор | Личност за која постои страница за дискусија на profesori.mk | Има одговорност да пријавува содржини кои ги смета за несоодветни.
|
Модератор | Личност која има привлегии да ја изменува или брише содржината напишана од корисниците | Редовно ги разгледува и реагира на пријавите и барањата на останатите засегнати лица во врска со напишаната содржина.
|
3.2 Корисничка средина
4. Преглед на производот
4.1 Барања и карактеристики
Барање | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрација на корисник | Задолжително | Можност корисникот да се регистрира со e-mail адреса која потоа треба да се валидира
|
Персонализација на кориснички профил | Задолжително | Можност корисникот да го менува изгледот на неговиот профил, односно да менува или додава атрибути како корисничко име, име и презиме, слика, факултетот на кој студира итн.
|
Верификација на корисник | Задолжително | Корисникот има опција да го верификува својот профил со приложување на документ за идентификација
|
Структурирање на секциите за дискусија | Задолжително | Дефинирање база од страници за професорите и предметите од секој факултет за којшто има достапни податоци. Страниците од класата „професор“ имаат една функционалност - можност за оставање мислење и оценка, додека страниците за предмети се поделени во потсекции кои се однесуваат на прашања во врска со материјалот, искуства, преопраки и други.
|
Систем за модерација | Задолжително | Можност квалификувани корисници - модератори да изменуваат или целосно бришат напишана содржина доколку сметаат дека е несоодветна.
|
Пријавување содржина | Задолжително | Можност регистрираните корисници заради некакво образложение да пријавуваат напишани мислења.
|
Karma систем | Висок | Опција за „upvote“ и „downvote“ на кориснички мислења што влијаат врз karma поените на корисникот т.е. неговиот кредибилитет, со цел да се подобри квалитетот на дискусијата.
|
5. Останати потреби
Барање | Приоритет
|
---|
Cell | Cell
|
Cell | Cell
|
Cell | Cell
|
Note:
See
TracWiki
for help on using the wiki.