wiki:Vision

Version 15 (modified by 216151, 3 years ago) ( diff )

--

1. Вовед

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблемот

Проблемот на расфрленост на базата од коментари, препораки и останати мислења предимно во врска со изведувањето на наставата и начинот на изучување на материјалот по предметите на македонските факултети
кој ги засега сегашните и идни студенти, факултетските професори
чиј последици се недоволната или погрешна информираност на студентот (пр. при избор на некој предмет или смер), како и немањето најсоодветна опција студентот анонимно или отворено (по избор) да изјави свое мислење, а тоа да допре до максималниот број засегнати индивидуи
чие успешно решение би било едноставна платформа за дискусии поделена по секции како „факултет“, „професор“, „предмет“, понатаму организирани според природата на информациите што некој сака да ги најде или сподели

2.2 Позиционирање на производот

За сегашните и идни студенти
кои сакаат да добијат некаква информација во врска со конкретен професор или предмет или да дадат некаков коментар
profesori.mk е платформа за дискусија од ваков карактер
што овозможува систематизација на дискусијата со цел студентот брзо и интуитивно да истражи информација која го интересира
за разлика од - некои од социјалните мрежи (најчесто Facebook групите) каде: мислењата се сортирани само според времето на објавување, а не според тоа на што се однесуваат, следствено дискусијата е измешана; се наоѓаат веродостојни информации, но отежнато е оставањето на анонимни мислења
- форумите кои: се користат сè помалку; исто така мислењата не ги групираат соодветно; има опција за анонимно коментирање, но кредибилитетот на информациите е негарантиран
производот го решава проблемот со организираноста во веќепостоечките опции и комбинира некои од нивните добри аспекти (пр. можноста да се коментира преку верификуван студентски профил или целосно анонимно)

3. Засегнати лица

3.1 Преглед

Назив Опис Одговорности
Студент Личност која моментално студира или студирала на некоја од високообразовните институции Доколку придонесува кон содржината на profesori.mk, мислењата ги поставува во правилната секција или потсекција, се труди истите да бидат на пристојно ниво и релевантни. Има одговорност да пријавува содржини кои ги смета за несоодветни.
Професор Личност за која постои страница за дискусија на profesori.mk Има одговорност да пријавува содржини кои ги смета за несоодветни.
Модератор Личност која има привлегии да ја изменува или брише содржината напишана од корисниците Редовно ги разгледува и реагира на пријавите и барањата на останатите засегнати лица во врска со напишаната содржина.

3.2 Корисничка околина

Апликацијата се користи исклучиво преку веб прелистувач (за десктоп или мобилен уред). Активност која се очекува корисникот да ја извршува во најголем дел од времето е читањето на мислења оставени од другите корисници, а поретко и интеракција со тие мислења. Треба да се минимизира времето поминато во барање на соодветната секција за дискусија (пр. страницата на некој професор), за што е неопходна добра search функција.

4. Преглед на производот

4.1 Барања и карактеристики

Барање Приоритет Карактеристики
Регистрација на корисник Задолжително Можност корисникот да се регистрира со e-mail адреса која потоа треба да се валидира
Персонализација на кориснички профил Задолжително Можност корисникот да го менува изгледот на неговиот профил, односно да менува или додава атрибути како корисничко име, име и презиме, слика, факултетот на кој студира итн.
Верификација на корисник Задолжително Корисникот има опција да го верификува својот профил со приложување на документ за идентификација
Структурирање на секциите за дискусија Задолжително Дефинирање база од страници за професорите и предметите од секој факултет за којшто има достапни податоци. Страниците од класата „професор“ имаат една функционалност - можност за оставање мислење и оценка, додека страниците за предмети се поделени во потсекции кои се однесуваат на прашања во врска со материјалот, искуства, преопраки и други.
Систем за модерација Задолжително Можност квалификувани корисници - модератори да изменуваат или целосно бришат напишана содржина доколку сметаат дека е несоодветна.
Пријавување содржина Задолжително Можност регистрираните корисници заради некакво образложение да пријавуваат напишани мислења.
Karma систем Висок Опција за „upvote“ и „downvote“ на кориснички мислења што влијаат врз karma поените на корисникот т.е. неговиот кредибилитет, со цел да се подобри квалитетот на дискусијата.
Систем за автоматска детекција на спам Висок Блокирање на скрипти за спамирање т.е. автоматско додавање на нерелевантна или несоодветна содржина во краток временски период.

5. Останати потреби

Барање Приоритет
Cell Cell
Cell Cell
Cell Cell
Note: See TracWiki for help on using the wiki.