wiki:UseCaseScenarios/scenario8

Додавање нов извештај за одбрана личност

Цел:

Целта на оваа функционалност е да се овозможи додавање на нов извештај за секој од Person објектите (луѓето) кои се достапни во базата. Оваа функционалност овозможува збогатување и одржување на резимето на извештаи за одредена персона.

Главната идеја

Корисникот избира еден Person и се пренасочува кон неговиот профил. Веднаш во горниот дел од страницата, има 4 опции за додавање на нов извештај, односно каков тип на извештај сака корисникот да додаде: Ако корисникот избере да додаде медицински наод, се појавува формата која е потребна да се пополни. Истата таа ги содржи следните влезни податоци:

Влезни податоци за MedicalReport:

  • Опис на случајот
  • Закажување следна контрола на пациентот
  • Кој доктор го прегледал
  • Дијагноза која е доделена (избор на 0 или повеќе дијагнози)

Овозможено е и додавање на дијагноза веднаш на самиот панел, со клик на копчето Add New Diagnosis. Формата која се појавува на таа страна ги има следните полиња за пополнување:

  • Опис на дијагноза
  • Опис на терапија за дијагнозата
  • Дали е хронична
  • Колку дијагнозата е загрозувачка

Од кога корисникот ги пополнува потребните полиња, тој соодветно може да го прикачи медицинскиот наод и истиот се меморира во базата на податоци. Корисникот е редиректиран на панелот на Person објектот на кого му е додаден соодветниот медицински наод, кој е видлив во делот на MedicalReports.

Истото ова се повторува за останатите 3 извештаи, но различни се нивните влезни полиња.

Влезни податоци за CriminalReport:

  • Опис на случајот
  • Локација
  • Статус на случај
  • Тип на криминал
  • Тип на казна
  • Ако казната е парична - се внесува сумата, во спротивно ако е затворска се внесува датумот на ослободување

Влезни податоци за AcademicReport:

  • Избор на институција
  • Која насока се избира
  • Опис на самиот извештај

Влезни податоци за EmploymentReport:

  • Почетен работен ден
  • Доколку веќе не работи во истото место, се внесува краен, во спротивно сеуште се меморира како вработен
  • Наведување на работната позиција
  • Месечен приход
  • Опис на работата
Last modified 6 days ago Last modified on 08/27/25 13:57:40
Note: See TracWiki for help on using the wiki.