Version 1 (modified by 6 days ago) ( diff ) | ,
---|
Додавање нов извештај за одбрана личност
Цел:
Целта на оваа функционалност е да се овозможи додавање на нов извештај за секој од Person објектите (луѓето) кои се достапни во базата. Оваа функционалност овозможува збогатување и одржување на резимето на извештаи за одредена персона.
Главната идеја
Корисникот избира еден Person и се пренасочува кон неговиот профил. Веднаш во горниот дел од страницата, има 4 опции за додавање на нов извештај, односно каков тип на извештај сака корисникот да додаде: Ако корисникот избере да додаде медицински наод, се појавува формата која е потребна да се пополни. Истата таа ги содржи следните влезни податоци:
Влезни податоци за !MedicalReport:
- Опис на случајот
- Закажување следна контрола на пациентот
- Кој доктор го прегледал
- Дијагноза која е доделена (избор на 0 или повеќе дијагнози)
Овозможено е и додавање на дијагноза веднаш на самиот панел, со клик на копчето Add New Diagnosis. Формата која се појавува на таа страна ги има следните полиња за пополнување:
- Опис на дијагноза
- Опис на терапија за дијагнозата
- Дали е хронична
- Колку дијагнозата е загрозувачка
Од кога корисникот ги пополнува потребните полиња, тој соодветно може да го прикачи медицинскиот наод и истиот се меморира во базата на податоци. Корисникот е редиректиран на панелот на Person објектот на кого му е додаден соодветниот медицински наод, кој е видлив во делот на MedicalReports.
Истото ова се повторува за останатите 3 извештаи, но различни се нивните влезни полиња.
Влезни податоци за !CriminalReport:
- Опис на случајот
- Локација
- Статус на случај
- Тип на криминал
- Тип на казна
- Ако казната е парична - се внесува сумата, во спротивно ако е затворска се внесува датумот на ослободување
Влезни податоци за !AcademicReport:
- Избор на институција
- Која насока се избира
- Опис на самиот извештај
Влезни податоци за !EmploymentReport:
- Почетен работен ден
- Доколку веќе не работи во истото место, се внесува краен, во спротивно сеуште се меморира како вработен
- Наведување на работната позиција
- Месечен приход
- Опис на работата