Version 8 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
Разгледувани решенија:
За реализирање на нашиот Информациски Систем за Управување со Резерви на Крв разгледавме неколку решенија:
- ADempiere претставува софтверско решение кое е погодно за мали и средни бизниси. Формирано е во 2006 година. Ги покриваше нашите студии на случаи. Но сепак, се одлучивме да не го избереме оваа решение бидејќи е
cloud
базирано, а не може да се инсталира на наш сопствен облак.
- ERPNext претставува open source ERP решение кое што ни дозволува да водиме сметка од нашите резерви. Покриваше само мал дел од нашите студии на случај, и поради тоа не го искористивме.
- Odoo е пакет на софтверски решенија со отворен код кои ги покриваат сите наши потреби: CRM, форум, инвентар, регистрирање на корисници, креирање настани, календар на настани, податоци за регистрирани корисници и сл. Одлучивме да го искористиме оваа софтверско решение, бидејќи цената за користење е мала во споредба со останатите решенија. Ние ја искористивме демо верзијата, и според тоа одлучивме дека покрива 90% од студиите на случаи. Потребни се некои мали надоградби, со цел да се задоволат сите барања на нашиот систем.
Опис на главни функционалности:
Odoo претставува софтвер за управување, кој што им нуди голем број на функционалности на голем број на компании. Се состои од голем број на деловни апликации, кои што можат да се формираат во едно и се наменети на различни видови на претпријатија. Одоо е софтвер кој вклучува CRM, веб сајт, фактурирање, складирање, форуми, управување со проекти, регистрирање на корисници, база на корисници, информации за секој корисник, листа на контакти и слично. Најголема предност на одоо е тоа што има проширена архитектура. Одоо се состои од 30 главни модули и повеќе од 500 заеднички модули. Odoo користи Python
скриптирање и база на податоци PostgreSQL
. До софтверот се пристапува преку веб-прелистувач во апликација со една страница, развиена во JavaScript
За да ги прикажеме основните функционалности, начин на пристап, исполнетост на побарувањата и можностите за прилагодување, изработивме презентација во Power Point
.
Презентација: attachment:presentation.pdf
Attachments (1)
- presentation.pdf (848.2 KB ) - added by 6 years ago.
Download all attachments as: .zip