Version 2 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
Студија на изводливост
За изготвување на ново сопствено софтверско решение потребни се значителни финансиски средства како и подолг временски период. Но, користењето на готови софтверски решенија има свои сопствени предности и недостатоци. За предност може да се смета дека веќе имате софтверско решение на располагање, но за недостаток ќе се смета тоа што избраното софтверско решение може да не ги задоволи потребите на системот. Па така може да се направи SSADM студија на изводливост како и финансиска и временска анализа.
Финансиска анализа
Оваа финансиска анализа треба да ни даде слика за тоа колкави трошоци би направиле при изготвување на нов софтвер, а колку финансиски средства би ни биле потребни за користење на веќе постоечки софтвер.
Нов софтвер | Odoo | |
---|---|---|
Изработка и имплементација | 67,500€ | 15,000€ |
Лиценца, Веб Сервер, RDBSM | 0€ | 3,936€ |
Одржување | 18,000€ | 0€ |
Вкупно | 85,500€ | 18,936€ |
Нов софтвер
5 месеци би биле доволен временски период за изработка на ново софтверско решение. Ако запослиме еден главен Project Manager со просечна бруто плата од 3000€ и 7 програмери кои ќе го изработуваат софтверското решение со просечна бруто плата од 1500€. За 5 месеци нам би ни биле потребни 67,500€. Лиценцата за новиот софтвер би била вклучена во сумата за изработка и имплементација. Оваа софтверско решение исто така има вклучено релациона база и веб сервер во самата цена. За ново софтверско решение има дополнителен трошок за одржување. Тука ќе биде потребен еден програмер со просечна бруто плата од 1500€. Па така на годишно ниво тоа изнесува трошок од 18,000€. За 3 години би ни биле поребни 486,000€.
Odoo
Доколку искористиме веќе готово софтверско решение како што е Odoo тогаш во делот на изработка и имплементација ќе ни бидат потребни минимум 2-ца програмери со просечна бруто плата од 1500€. Па така за подготвување на софтверот за употреба во рок од 5 месеци би ни биле потребни 15,000€. За лиценцата би ни биле потребни 3,936€ на годишно ниво со сите функционалности. Исто така во таа сума се вклучени и веб серверот и релационата база. Одржувањето е бесплатно. За 3 години би ни биле потребни 195,696€.
Attachments (3)
- 1.png (32.3 KB ) - added by 6 years ago.
- 2.png (30.3 KB ) - added by 6 years ago.
- Studija-na-izvedlivost.xlsx (13.2 KB ) - added by 6 years ago.
Download all attachments as: .zip