Changes between Initial Version and Version 1 of Zadaca_4M


Ignore:
Timestamp:
01/23/19 02:52:55 (6 years ago)
Author:
153012
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Zadaca_4M

    v1 v1  
     1**Користење на техники при изработка на ИС **
     2
     3RUP процесот за развој на информациски системи дефинира користење на UML јазикот како техника која треба да се користи во процесот. Особено се користат use case дијаграмите, кои се разработуваат до детали. Исто така се користат и дизајн модели и имплементациски модели.
     4
     5** Use Case Diagram **
     6Use case дијаграмот, ориентиран исклучиво кон корисниците, ја опишува функционалноста на еден систем претставена од гледна точка на корисниците на системот и текот на на настаните кога корисниците го користат системот. Тој ја претставува поврзаноста (преку линии) помеѓу корисниците во системот (претставени со човечки фигури на дијаграмот) и случаите во кои тие го користат системот (претставени со елипси на дијаграмот). Овој дијаграм е најбитен за RUP системот, т.е. use case моделот е една од неговите три главни карактеристики.
     7Дијаграмот на кориснички сценарија се употребува за идентификација на основните елементи и процеси кои што формират еден систем. Основните елементи се нарекуваат “актeри”, а процесите се нарекуваат “кориснички сценарија”. Овој дијаграм покажува кој актeр во кое корисничко сценарио дејствува.
     8
     9
     10[[Image(use_case.jpg)]]
     11
     12**Класен дијаграм**
     13
     14Класниот дијаграм се употребува за да ја прецизира употребата на дијаграмот на кориснички сценарија и да дефинира детален дизајн на системот. Класниот дијаграм ги класифицира актерите дефинирани во дијаграмот на кориснички сценарија во група од меѓусебно поврзани класи. Врската помеѓу класите може да биде “IS-A” или “HAS-A” врска. Секој класа во класниот дијаграм може да биде способна за обезбедување на одредени функционалности. Овие функционалности обезбедени од класата се нарекуваат методи на класата. Покрај тоа, секоја класа има одредени атрибути кои што уникатно ја идентификуваат класата.
     15
     16**Дијаграм на состојба**
     17
     18Секвенцијалниот дијаграм претставува заемно дејство помеѓу различни објекти во системот. Важен аспект на секвенцијалниот дијаграм е тоа што тој е временски подреден. Ова значи дека една секвенца на интеракција помеѓу два објекти е претставена постепено. Различни објекти во дијаграмот на секвенции комуницираат едни со други со праќање на пораки.
     19
     20
     21
     22