Changes between Initial Version and Version 1 of Vision


Ignore:
Timestamp:
05/25/25 14:28:57 (2 months ago)
Author:
214004
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Vision

    v1 v1  
     1
     2== Визија
     3
     4----
     5=== 1. Вовед
     6
     7ФИНКИ Роадмап е веб-платформа наменета да им помогне на студентите на ФИНКИ подобро да ги разберат предметите што ги запишуваат, како и да им даде насоки за идните предмети што ќе ги следат. Целта на проектот е да обезбеди јасен преглед на наставната програма, да понуди корисни информации за содржината на секој предмет, препораки за подготовка, и да ги поврзе предметите според нивната логичка и тематска поврзаност. Со тоа, студентите можат полесно да планираат и носат информирани одлуки за своето академско патување.
     8
     9=== 2. Позиционирање
     10==== 2.1 Дефиниција на проблем
     11
     12Студентите на ФИНКИ често се соочуваат со недоволна информираност при изборот на предмети во текот на своето студирање. Недостига централизирана, јасна и лесно достапна платформа каде што можат да најдат објаснувања за содржината на предметите, нивната тежина, предзнаења што се очекуваат, како и логичката поврзаност помеѓу различни курсеви. Ова доведува до несигурност, недоволна подготвеност и понекогаш до избор на предмети кои не одговараат на нивните интереси или академски план. Потребна е алатка што ќе го води студентот низ наставната програма со јасна структура и совети базирани на искуства и поврзани предмети.
     13
     14==== 2.2 Позиција на пазарот
     15Проектот ФИНКИ Роадмап има потенцијал да пополни значајна празнина во академската поддршка за студентите на ФИНКИ. Иако факултетот нуди основни е-услуги како пристап до материјали, календари и форумски дискусии преку платформата students.finki.ukim.mk, овие алатки не обезбедуваат сеопфатен водич за планирање на студиите, разбирање на предметите и нивната меѓусебна поврзаност.
     16
     17Во моментов, студентите се потпираат на неформални извори како што се Discord групи, Reddit дискусии и GitHub проекти како FINKI Hub, кои обезбедуваат одредени информации, но не се официјално поддржани и често се неструктурирани.
     18
     19=== 3. Опис на засегнати лица
     20==== 3.1 Преглед
     21||= Име =||= Опис  =||= Одговорност =||
     22||!Студент/Корисник||Корисник на Finki Roadmap|| Да се информира за одредени предмети ||
     23||Девелопер|| Одговорен за развивање на Finki Roadmap || Развивање ||
     24||Оддржувач|| Одговорен за идни информациски промени || Оддржувач на информациите од сајтот на ФИНКИ ||
     25
     26==== 3.2 Корисничка околина
     27Корисничката околина на ФИНКИ Роадмап ќе биде дизајнирана со фокус на јасност, интуитивност и лесна навигација, имајќи ги предвид потребите на студентите. Таа треба да обезбеди пријатно корисничко искуство при планирање и информирање за предметите.
     28
     29=== 4. Преглед на продуктот
     30==== 4.1 Потреби и карактеристики
     31||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =||
     32|| Приказ на предмети по семестри и насоки || Висок || Приказ на предмети организирани по студиска програма и семестри, со филтрирање по насока ||
     33|| Детали за предмет || Висок || Приказ на информации за секој предмет: ЕКТС, опис, предуслови, поврзани предмети, ресурси и искуства од студенти ||
     34|| Визуелна роадмап навигација || Висок || Интерактивен дијаграм за визуелен преглед на логичката поврзаност на предметите ||
     35|| Препораки за наредни предмети || Висок || Сугестии за предмети кои следат по тековно положени, базирани на логика на наставната програма ||
     36|| Персонализирано планирање || Висок || Можност за креирање на сопствен академски пат според интереси и претходно положени предмети ||
     37
     38=== 5.Други барања
     39
     40||= Потреба =||= Приоритет =||
     41|| Интернет конекција || Задолжително ||
     42|| Мобилен телефон или компјутер || Задолжително ||
     43|| Веб прелистувач || Задолжително ||
     44