wiki:Vision

Version 1 (modified by 214004, 12 days ago) ( diff )

--

Визија


1. Вовед

ФИНКИ Роадмап е веб-платформа наменета да им помогне на студентите на ФИНКИ подобро да ги разберат предметите што ги запишуваат, како и да им даде насоки за идните предмети што ќе ги следат. Целта на проектот е да обезбеди јасен преглед на наставната програма, да понуди корисни информации за содржината на секој предмет, препораки за подготовка, и да ги поврзе предметите според нивната логичка и тематска поврзаност. Со тоа, студентите можат полесно да планираат и носат информирани одлуки за своето академско патување.

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Студентите на ФИНКИ често се соочуваат со недоволна информираност при изборот на предмети во текот на своето студирање. Недостига централизирана, јасна и лесно достапна платформа каде што можат да најдат објаснувања за содржината на предметите, нивната тежина, предзнаења што се очекуваат, како и логичката поврзаност помеѓу различни курсеви. Ова доведува до несигурност, недоволна подготвеност и понекогаш до избор на предмети кои не одговараат на нивните интереси или академски план. Потребна е алатка што ќе го води студентот низ наставната програма со јасна структура и совети базирани на искуства и поврзани предмети.

2.2 Позиција на пазарот

Проектот ФИНКИ Роадмап има потенцијал да пополни значајна празнина во академската поддршка за студентите на ФИНКИ. Иако факултетот нуди основни е-услуги како пристап до материјали, календари и форумски дискусии преку платформата students.finki.ukim.mk, овие алатки не обезбедуваат сеопфатен водич за планирање на студиите, разбирање на предметите и нивната меѓусебна поврзаност.

Во моментов, студентите се потпираат на неформални извори како што се Discord групи, Reddit дискусии и GitHub проекти како FINKI Hub, кои обезбедуваат одредени информации, но не се официјално поддржани и често се неструктурирани.

3. Опис на засегнати лица

3.1 Преглед

Име Опис Одговорност
Студент/КорисникКорисник на Finki Roadmap Да се информира за одредени предмети
Девелопер Одговорен за развивање на Finki Roadmap Развивање
Оддржувач Одговорен за идни информациски промени Оддржувач на информациите од сајтот на ФИНКИ

3.2 Корисничка околина

Корисничката околина на ФИНКИ Роадмап ќе биде дизајнирана со фокус на јасност, интуитивност и лесна навигација, имајќи ги предвид потребите на студентите. Таа треба да обезбеди пријатно корисничко искуство при планирање и информирање за предметите.

4. Преглед на продуктот

4.1 Потреби и карактеристики

Потреба Приоритет Карактеристики
Приказ на предмети по семестри и насоки Висок Приказ на предмети организирани по студиска програма и семестри, со филтрирање по насока
Детали за предмет Висок Приказ на информации за секој предмет: ЕКТС, опис, предуслови, поврзани предмети, ресурси и искуства од студенти
Визуелна роадмап навигација Висок Интерактивен дијаграм за визуелен преглед на логичката поврзаност на предметите
Препораки за наредни предмети Висок Сугестии за предмети кои следат по тековно положени, базирани на логика на наставната програма
Персонализирано планирање Висок Можност за креирање на сопствен академски пат според интереси и претходно положени предмети

5.Други барања

Потреба Приоритет
Интернет конекција Задолжително
Мобилен телефон или компјутер Задолжително
Веб прелистувач Задолжително
Note: See TracWiki for help on using the wiki.