Version 2 (modified by 2 months ago) ( diff ) | ,
---|
Визија ¶
1. Вовед ¶
ФИНКИ Роадмап е веб-платформа наменета да им помогне на студентите на ФИНКИ подобро да ги разберат предметите што ги запишуваат, како и да им даде насоки за идните предмети што ќе ги следат. Целта на проектот е да обезбеди јасен преглед на наставната програма, да понуди корисни информации за содржината на секој предмет, препораки за подготовка, и да ги поврзе предметите според нивната логичка и тематска поврзаност. Со тоа, студентите можат полесно да планираат и носат информирани одлуки за своето академско патување.
2. Позиционирање ¶
2.1 Дефиниција на проблем ¶
Студентите на ФИНКИ често се соочуваат со недоволна информираност при изборот на предмети во текот на своето студирање. Недостига централизирана, јасна и лесно достапна платформа каде што можат да најдат објаснувања за содржината на предметите, нивната тежина, предзнаења што се очекуваат, како и логичката поврзаност помеѓу различни курсеви. Ова доведува до несигурност, недоволна подготвеност и понекогаш до избор на предмети кои не одговараат на нивните интереси или академски план. Потребна е алатка што ќе го води студентот низ наставната програма со јасна структура и совети базирани на искуства и поврзани предмети.
2.2 Позиција на пазарот ¶
Проектот ФИНКИ Роадмап има потенцијал да пополни значајна празнина во академската поддршка за студентите на ФИНКИ. Иако факултетот нуди основни е-услуги како пристап до материјали, календари и форумски дискусии преку платформата students.finki.ukim.mk, овие алатки не обезбедуваат сеопфатен водич за планирање на студиите, разбирање на предметите и нивната меѓусебна поврзаност.
Во моментов, студентите се потпираат на неформални извори како што се Discord групи, Reddit дискусии и GitHub проекти како FINKI Hub, кои обезбедуваат одредени информации, но не се официјално поддржани и често се неструктурирани.
3. Опис на засегнати лица ¶
3.1 Преглед ¶
Име | Опис | Одговорност |
---|---|---|
Студент/Корисник | Корисник на Finki Roadmap | Да се информира за одредени предмети |
Девелопер | Одговорен за развивање на Finki Roadmap | Развивање |
Оддржувач | Одговорен за идни информациски промени | Оддржувач на информациите од сајтот на ФИНКИ |
3.2 Корисничка околина ¶
Корисничката околина на ФИНКИ Роадмап ќе биде дизајнирана со фокус на јасност, интуитивност и лесна навигација, имајќи ги предвид потребите на студентите. Таа треба да обезбеди пријатно корисничко искуство при планирање и информирање за предметите.
4. Преглед на продуктот ¶
4.1 Потреби и карактеристики ¶
Потреба | Приоритет | Карактеристики |
---|---|---|
Приказ на предмети по семестри и насоки | Висок | Приказ на предмети организирани по студиска програма и семестри, со филтрирање по насока |
Детали за предмет | Висок | Приказ на информации за секој предмет: ЕКТС, опис, предуслови, поврзани предмети, ресурси и искуства од студенти |
Визуелна роадмап навигација | Висок | Интерактивен дијаграм за визуелен преглед на логичката поврзаност на предметите |
Препораки за наредни предмети | Висок | Сугестии за предмети кои следат по тековно положени, базирани на логика на наставната програма |
Персонализирано планирање | Висок | Можност за креирање на сопствен академски пат според интереси и претходно положени предмети |
5.Други барања ¶
Потреба | Приоритет |
---|---|
Интернет конекција | Задолжително |
Мобилен телефон или компјутер | Задолжително |
Веб прелистувач | Задолжително |