Vision
Вовед
Овој проект претставува агрегатор за производи од најмалку три маркети во Македонија, со цел да се овозможи достапност и приказ на нивните производи преку единствена веб локација, да се обезбеди преглед на најповолната цена достапна на пазарот како и да се понудат статистички и други показатели за ценовните флуктуации.
Агрегаторот, ќе вклучува каталог на производи поделени по категории со назнака од маркет потекнуваат. Преку интегриран филтер корисниците ќе бидат во можност да ги изберат производите за кои се заинтересирани а ќе се обезбеди и начин за подредување на производите по цена. Во делот на статистиката корисниците ќе може визуелно да ги анализираат претходните цени на производите и нивното движење. Со податоците кои ќе располага страната ќе може во секое време да се прави пресек на вредноста на производите и во реално време да се добиваат вредности за евалуација и анализа на пазарните промени. На овој начин проектот ќе обезбеди: за редовните потрошувачи избор на најповолна цена, за креаторите на политиките преглед на движењето на цените и моменталната потрошувачка кошничка, а за маркетите сеопфатен увид во пазарните случувања и можност за брзо и ефикасно позиционирање.
Позиционирање
Проблематика
Проблемот на:
- Недостапност на информации за цените и производите во различни маркети
- Недостаток на целосен преглед на пазарните флуктуации и најповолните понуди
Ги засега:
- Потрошувачите, маркетите, и креаторите на ценовни политики
Со последици:
- Потешкотии при донесување на одлуки за најдобри купувања, за маркетите во позиционирање на цените и предвидување на пазарните трендови
Успешно решение би било:
- Обезбедување на агрегатор кој ќе ги обедини сите релевантни податоци на едно место за лесен пристап и анализи.
Засегнати - Описи
Име | Опис | Одговорности |
---|---|---|
Граѓани | Корисници на услугите кои имаат потреба од информирање за производите и цените | Немаат одговорност, само се корисници на платформата. |
Маркетите | Продавници кои нудат производи | Да ги внесат своите производи во системот и редовно да ги ажурираат цените и понудите. |
Креаторите на политики | Регулатори на цените и пазарот | Да обезбедат податоци за трендовите и препораки за политики кои можат да влијаат на цените на пазарот. |
Корисничка околина
Проектот ќе нуди едноставен и интуитивен интерфејс кој ќе биде достапен преку веб прелистувач на сите уреди, вклучувајќи мобилни телефони, таблети и десктоп компјутери. Апликацијата ќе биде целосно респонзивна и ќе работи на сите платформи. Процесот на пребарување и избор на производи ќе биде брз и лесен. Корисниците ќе имаат филтри за избор на производи, како и опции за сортирање по цена и други параметри.
Преглед: Потреби и Карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики | Планирано објавување |
---|---|---|---|
Пребарување на производи | Задолжително | Каталог на производи со филтри за сортирање по категорија и цена | |
Анализа на ценовни флуктуации | Потребно | Графикон за историски промени на цените | |
Статистички податоци за пазарот | Опционално | Преглед на ценовни трендови и анализи | |
Информација за производи кои се на акција | Потребно | Приказ на производот со податоци до кога важи акцијата |
Други и нефункционални побарувања
Побарување | Приоритет | Планирано објавување |
---|---|---|
Пристап преку веб прелистувач | Задолжително | |
Респонзивен дизајн за мобилни телефони, компјутери и таблети | Задолжително | |
Постоен интернет пристап | Потребно |