Changes between Initial Version and Version 1 of Vision


Ignore:
Timestamp:
04/28/25 19:10:14 (6 weeks ago)
Author:
231118
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Vision

    v1 v1  
     1= Vision =
     2
     3== Вовед ==
     4Овој проект претставува агрегатор за производи од најмалку три маркети во Македонија, со цел да се овозможи достапност и приказ на нивните производи преку единствена веб локација, да се обезбеди преглед на најповолната цена достапна на пазарот како и да се понудат статистички и други показатели за ценовните флуктуации.
     5
     6Агрегаторот, ќе вклучува каталог на производи поделени по категории со назнака од маркет потекнуваат. Преку интегриран филтер корисниците ќе бидат во можност да ги изберат производите за кои се заинтересирани а ќе се обезбеди и начин за подредување на производите по цена. Во делот на статистиката корисниците ќе може визуелно да ги анализираат претходните цени на производите и нивното движење. Со податоците кои ќе располага страната ќе може во секое време да се прави пресек на вредноста на производите и во реално време да се добиваат вредности за евалуација и анализа на пазарните промени. На овој начин проектот ќе обезбеди: за редовните потрошувачи избор на најповолна цена, за креаторите на политиките преглед на движењето на цените и моменталната потрошувачка кошничка, а за маркетите сеопфатен увид во пазарните случувања и можност за брзо и ефикасно позиционирање.
     7
     8== Позиционирање ==
     9
     10=== Проблематика ===
     11**Проблемот на:**
     12* Недостапност на информации за цените и производите во различни маркети
     13* Недостаток на целосен преглед на пазарните флуктуации и најповолните понуди
     14
     15**Ги засега:**
     16* Потрошувачите, маркетите, и креаторите на ценовни политики
     17
     18**Со последици:**
     19* Потешкотии при донесување на одлуки за најдобри купувања, за маркетите во позиционирање на цените и предвидување на пазарните трендови
     20
     21**Успешно решение би било:**
     22* Обезбедување на агрегатор кој ќе ги обедини сите релевантни податоци на едно место за лесен пристап и анализи.
     23
     24== Засегнати - Описи ==
     25
     26||= Име =||= Опис =||= Одговорности =||
     27|| **Граѓани** || Корисници на услугите кои имаат потреба од информирање за производите и цените || Немаат одговорност, само се корисници на платформата. ||
     28|| **Маркетите** || Продавници кои нудат производи || Да ги внесат своите производи во системот и редовно да ги ажурираат цените и понудите. ||
     29|| **Креаторите на политики** || Регулатори на цените и пазарот || Да обезбедат податоци за трендовите и препораки за политики кои можат да влијаат на цените на пазарот. ||
     30
     31== Корисничка околина ==
     32
     33Проектот ќе нуди едноставен и интуитивен интерфејс кој ќе биде достапен преку веб прелистувач на сите уреди, вклучувајќи мобилни телефони, таблети и десктоп компјутери. Апликацијата ќе биде целосно респонзивна и ќе работи на сите платформи. Процесот на пребарување и избор на производи ќе биде брз и лесен. Корисниците ќе имаат филтри за избор на производи, како и опции за сортирање по цена и други параметри.
     34
     35== Преглед: Потреби и Карактеристики ==
     36
     37||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =||= Планирано објавување =||
     38|| Пребарување на производи || Задолжително || Каталог на производи со филтри за сортирање по категорија и цена || ||
     39|| Анализа на ценовни флуктуации || Потребно || Графикон за историски промени на цените || ||
     40|| Статистички податоци за пазарот || Опционално || Преглед на ценовни трендови и анализи || ||
     41|| Информација за производи кои се на акција || Потребно || Приказ на производот со податоци до кога важи акцијата || ||
     42
     43== Други и нефункционални побарувања ==
     44
     45||= Побарување =||= Приоритет =||= Планирано објавување =||
     46|| Пристап преку веб прелистувач || Задолжително || ||
     47|| Респонзивен дизајн за мобилни телефони, компјутери и таблети || Задолжително || ||
     48|| Постоен интернет пристап || Потребно || ||