Version 22 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Библиотечен систем
Општо
Библиотечниот систем е web страна (web апликација) која содржи податоци за сите книги и која овозможува резервирање и изнајмување на одредена книга. Системот содржи информации за тоа каде се наоѓа книгата (која просторија) , дали е книгата слободна или веќе земена. Преку овој систем може да се резервира книга која е веќе изнајмена , така што по нејзиното враќање таа ќе се чува за корисникот кој ја резервирал, а доколку книгата се наоѓа во некоја од просториите на факултетот и не е резервирана таа може веднаш да се изнајми.
Одржување на податоци за книги и корисници
Човекот задолжен за одржување на библиотеката се најавува. Внесува, едитира или брише книги од системот.Внесува, едитира или брише корисници од системот.
Време: 8 дена
Пребарување за книга
Корисникот се најавува и пребарува дали во библиотеката постои книгата која што тој ја бара и дали е изнајмена. Ако ја пронашол ја изнајмува. Ако не ја пронашол, има опција да ја резервира.
Време: 3 дена