Version 1 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
CRM го решава проблемот на:
- Лоша интеракција со студентите, особено со потенцијалните. Може да биде проблем во комуникацијата помеѓу наставниот кадар и студентите, но и службата за студентски прашања и студентите.
- Слаба координираност на вработените во факултетот (најчесто студентски прашања), во контекст на комуникација со студенти.
- Слаба координираност при работа на научно-истражувачки проекти или при подготовка на наставни планови и содржини.
- Доцнење на информациите во комуникацијата во рамките на факултетот (претпоставен-подреден), но и во комуникацијата помеѓу факултетот и студентите.
- Проблематична размена на документи во рамките на факултетот.
- Нетранспарентно и проблематично управување со контактите на факултетот.
- Немање механизам за евалуација на вредноста на вработените, во смисол работата која ја завршиле.
Засегнати од проблемот се:
- Студенти, кои имаат проблеми при комуникацијата со студентски прашања или со своите професори.
- Потенцијални студенти, кои сакат подетално да се информираат за факултетот.
- Кадар на факултетот (без разлика на наставен или технички), кој има проблеми во меѓусебната координација и комуникација, но и комуникацијата со студентите.
- Управувачки дел од кадарот на факултетот, кој има проблем при барањето на „тесни грла“ или при вреднување на вработените.
- Надворешни соработници, кои само привремено работат со или во факултетот.
Проблемите доведуваат до:
- Губење на потенцијални студенти, заради слабата информираност.
- Незадоволство кај моменталните студенти, заради бавната и сложена комуникација.
- Губење на потенцијални надворешни научно-истражувачки проекти, или проекти за унапредување на наставната програма.
- Лоша комуникација помеѓу кадарот на факултетот, што доведува до нивно незадоволство и/или ниско ниво на меѓучовечки односи.
- Незадоволство кај вработените во факултетот заради нетранспарентна или неправична евалуација на исполнувањето на работните задачи и обврски.
Успешно решение би:
- Помогнало за забрзување на патувањето на информациите низ универзитетската организација (професор - студент, професор - професор, професор - технички персонал, технички персонал - студент).
- Довело до подобрување на односите помеѓу вработените внатре во факултетот, но и односите помеѓу вработените и студентите.
- Привлекло повеќе студенти.
- Олеснило земање на повеќе проекти (научно-истражувачки и наставни).
- Ја олеснило соработката со надворешни ентитети.
- Го подобрило, олеснило и направило потранспарентно вреднувањето (евалуацијата) на кадарот.
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.