Version 3 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
CRM: Закажи состанок
Актери
Управен кадар (закажувач), корисници (повикани/поканети).
Контекст
Било кој актер на системот закажува состанок во кој може, но не мора, да вклучи некој друг корисник и/или некој надворешен контакт од оние внесени во делот за контакти од CRM системот.
Ниво
Јадро.
Предуслови
/
Постуслови
- Состанокот е внесен во општиот календар.
- Актерите кои се засегнати од состанокот (оние на кои е доделен или оние кои се поканети) се известени, во зависност од референците на корисникот кој го внесува состанокот.
Бизнис правила
- Состанокот не смее да биде закажан за неработни денови.
- Присутните (поканетите) немаат закажано друга активност во времето на состанокот.
Апликациски правила
- Неработните денови мора да бидат рачно внесени во апликацијата, види use-case Дефинирај неработни денови.
- Контактот со кој ќе биде одржан состанокот е претходно внесен во системот.
Сценарио
- Внесување на податоци (предмет, опис, време, времетраење) за состанокот.
- Додавање на контакти поврзани со состанокот.
- Поврзување на состанокот со некој друг ентитет од CRM системот.
- Внесување на локација на одржување на состанокот.
- Зачувување на состанокот и негово закажување во календарот.
Алтернативи
Варијации
5a. Праќање на покани на контактите засегнати од состанокот пред самото закажување во календар.
Исклучоци
2a. Некој од контактите е веќе зафатен во времето предвидено за состанокот. На корисникот му се нудат најблиските слободни термини како алтернативни времиња за состанокот.
4а. Системот детектира дека локацијата е зафатена во периодот за кој е закажан состанокот, и бара повторно внесување.
Екрани
Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.
Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case.
Фреквенција
/