Version 2 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
Проблеми со coercion од String во некоја ентитет класа
Овој проблем се јавува кога се користи компонента од тип Loop внатре во некоја форма. Формата интерно ги серијализира сите компоненти во неа, па секој од членовите на loop-от го претвара во String и потоа за креирање и приказ се обидува од String да го врати назад во оригиналната форма.
Прашањето е најпрво дали е потребно целиот циклус да биде внатре во формата и второ дали е потребно да се чува состојбата на сите елементи од циклусот во самата форма. Ако тоа не е потребно може или да се извади надвор од формата или пак да се постави параметарот volatile на соодветната вредност.
За да се разреши ова е неопходно да се декларира проперти од типот ValueEncoder и да се постави во loop параметрите и тој треба да знае ентитетот да го претвори во стринг (пример примарниот клуч), а потоа и врз основа на стрингот да го креира објектот (пример да го најде објектот преку примарниот клуч ставен во стрингот). Пример за вакви ситуации има во компонентата mk.edu.ii.isii.upisi.components.StudentCourses.