wiki:DBModel

Version 9 (modified by Vangel Ajanovski, 15 years ago) ( diff )

Верзии на моделот

Верзија 0.9.2 од базата на податоци

Промени од претходната верзија 0.9.1 на базата на податоци:

  1. Додаден е атрибут int grade (оцена) во табелата course_enrollment
  2. Додадена е нова табела course_term_subject_curriculum_link што е m:m врска со term_subject_curriculum_link и course.
  3. Раскината е врската term_subject_curriculum_link→course

Сега course e силен ентитет.

Верзија 0.9.1 од базата на податоци

Промени од претходната верзија 0.9 на базата на податоци:

  1. Додадена табела (релација) term_subject_curriculum_link за да се има евиденција
    за конкретната реализација на предметот во curriculum_link за која аплицирал студентот
  2. Врската меѓу course и term_subject е избришана и заменета со врска меѓу term_subject_curriculum_link и course
  3. Додадена е табела term_type за да се знае типот на семестар, со соодветни атрибути code:Note , title:Title, title_en:Title, abstract:Note и note:Note
  4. Додадена е табела staff за m:m поврзување на person и institution, со атрибути from_date:Date и to_date:Date
  5. Додадена е табела role_type 1:m со staff, за да се знае типот на role во табелата staff, со соодветни атрибути code:Note , title:Title, title_en:Title, abstract:Note и note:Note
  6. Додаден е атрибут grade_allow:INT во табелата course_curriculum, во врска со дозвола за внес на оцени (има детален опис во моделот)
  7. Додадени атрибути enrollment_status:INT и note:Note во term_enrollment
  8. Додаден атрибут student_status:INT во табелата student
  9. Додадени атрибути from_date и to_date во табелата instructor
  10. Додадени атрибути url:VARCHAR и moodle:BOOL во табелата course
  11. Додадени атрибути term_year:VARCHAR, term_from:Date, term_to:Date и note:Note во табелата term
  12. Додадени атрибути enroll_deadline:Date и cancel_deadline:Date во табелата term_subject

Верзија 0.9 од базата на податоци

Се очекува да има релативно мали промени на овој модел додека да стане финална. Во оваа верзија е потребно преуредување на изгледот на базата.

Во однос на почетниот модел изработен од Огнен Ивановски и Костадин Бајалцалиев во оваа верзија се направени промени така што во секоја табела има едноставен клуч базиран на Аuto Increment. Главна причина за оваа промена е полесно работење во различни рамки за развој на апликации и поедноставување на изгледот на моделот и управувањето со асоцијациите меѓу ентитетите.

Attachments (13)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.