Version 50 (modified by 15 years ago) ( diff ) | ,
---|
Поставување на работна околина за развој на веб апликации во Eclipse
Снимање на Java Development Kit (JDK)
-Поставување на системски променливи , креирање нова променлива JAVA_HOME (со патека до JDK фолдерот) и додавање на патека во Path променливата до Java JDK/bin фолдерот.
-За 64-битни оперативни сис. потребна е инсталација на два JDK 32 и 64 битни.
-Проверка во Cmd >
javac -version
Tреба да ја добиете верзијата на java компајлерот
( За Linux OS — тестирано на Ubuntu 9.10 )
Ако веќе го имате инсталирано JDK-то продолжете , ако не во конзола > "sudo apt-get install sun-java6-jdk".
Во BASH ,
sudo gedit /etc/bash.bashrc
Ќе ви се појави текст едитор , на крајот од документот ќе ја внесете патеката каде што е инсталиран JAVA
export JAVA_HOME=/usr/lib/jvm/java export PATH=$JAVA_HOME/bin:$PATH
(*Вашата патека може да е различна)
Проверка , вклучете го одново Bash
$ echo $JAVA_HOME $ echo $PATH
Доколку ја добиете патеката каде е јава инсталирана , тогаш успешно сте ги додале патеките
Проверка за исправноста на патеката : Во bash > javac -version , треба да добиете резултат верзијата на јава
Снимање на Eclipse и додавање Plugins
-Симнете го Eclipse (for Java Developers е доволно , но препорачувам Eclipse Java EE бидејќи има веќе преинсталирани пакети за Веб Development т.е. WTP).
-Инсталирајте го Plugin-от m2eclipse - http://m2eclipse.sonatype.org/update/
(Во Eclipse → Help → Install New Software , ќе го додадете сајтот , потоа ќе ви се појават достапните пакети , можете да додадете се освен AJDT пакетoт и WTP кои зависат од други плагини)
-Слично на претходната постапка ќе додадете Plugin
Subeclipse - http://subclipse.tigris.org/update_1.6.x
Потоа ќе смените перспектива (SVN Repository) и ќе го симнете проектот oд http://vega.ii.edu.mk/svn/isii/ , како maven проект (checkout as maven project).
При што Maven би требало да ги спушти сите потребни фајлови за работа на апликацијата наведени во pom.xml (ова може да потрае ).
Забелешка:Ако сте на Ubuntu , кога одбирате плагин т.е. го штиклирате , на некои инсталации копчето Next (што би ја започнало инсталацијата на плагинот) некогаш не работи со кликање , тогаш притиснете Enter (прозорецот за инсталација на Plugin треба да е во фокус).
Подесувања на Eclipse
-Во Eclipse отворете Window → Preferences → Java → Installed JREs
Избришете го претходниот запис и додадете нов кој покажува до JDK-то , како на сликата .
(Ова е за да се тргне Warning-от кој го покажува Eclipse поради m2eclipse плагинот т.е. за потребите на maven)
-После овој чекор направете шорткат на Eclipse.exe на десктоп , десен клик на шорткатот , во јазичето шорткат во Target textboxot ќе додадете
-vm "C:\Program Files (x86)\Java\jdk1.6.0_16\bin"
Тоа е патеката до JDK/bin фолдерот.
(За 64-битни Оперативни Системи патеката на –VM аргументот треба да покажува кон 32-битниот JDK )
Со овие два чекори Eclipse ќе се стартува и нема да го покажува Warning-от за мавен.За linux ќе го направите истото само со различна патека.
Параметрите за врска до базата и за автентикацискиот сервер се конфигурираат преку provile во settings.xml датотеката од Maven во корисничкиот директориум .m2
hbm2ddl.auto=update ја креира шемата за локалната база (табели,секвенци,процедури….)
стадардна вредност му е validate
by Ајановски Вангел
“Попрецизно овој параметар означува дека ќе се скенира базата и доколку кодот носи промени во структурата, таквите промени ќе се направат.Не заборавајте ова да го исклучите бидејќи апликацијата е во развој и доколку некој во кодот додаде некои работи што не треба да ги додаде,истите автоматски ќе ви се рефлектираат и во вашата база, а некогаш тоа не го сакате.”
Друг начин е да се поврзете со базата преку pgAdmin III , направете Backup на базата потоа Restore во локалната и ќе ја имате базата од факултет со се тест податоци.
Ако користите друга база ќе го смените hibernate.dialect
CAS
-Симнете го CAS (CENTRAL AUTHENTICATION SERVICE)
http://www.ja-sig.org/products/cas/
Отпакувајте било каде.
Потоа треба да го преснимите CAS-server-webapp-verzija.war во главниот фолдер на апликацијата “upisi”, CAS-server-webapp-verzija.war ќе го најдете каде што отпакувавте во
modules\cas-server-webapp-верзја.war , откако ќе го презнимите WAR фајлот во “upisi” преименувајте го во “cas.war”
Стартување на апликацијата од Eclipse
Во Eclipse :
Run → Run Configurations , потоа на maven десен клик па new , Name > По желба , кај мене е “start app” , Base Directory → ${workspace_loc:/upisi} , Goals → clean jetty:run.[[BR]] Во parameter name ставете env, а во value ставете develop.
Повторете го чекорот уште еднаш само кај Goals → jetty:stop , ставете друго име пример “stop app”
Во parameter name ставете env, а во value ставете develop.
Треба да добите нешто како на сликата
Тоа би било …
Апликацијата е сетирана на порта 8081 (Jetty на 8081)
Стартувајте со селектирање на апликацијата во Package Explorer и потоа на Run , тоа зеленто копче како Play → па на Run конфигурацијата што ја направивте т.е. “start app” ќе се стартува jetty серверот на порта 8081. За да проверите дали работи апликацијата пробајте да се логирате се со User: ajan Pass:ajan доколку ја користите базата од факултет, најдобро да си креирате свој корисник за тестирање на привилегиите. За локална база треба да знаете дека ви требаат податоци , за правилно логирање. Ако сакате да завршите со тестирање идете на зеленто play па “stop app”
Забелешка:
Само, за тие што користат линукс има некои измени:
- скриптата за тунелирање е: ssh odnadvor@… -L 9999:develop.ii.edu.mk:5432 -N при што побарува лозинка плус (не е внесена како параметар)
- во log4j.properties треба да се смени редот log4j.appender.R.File=/upisi.log во log4j.appender.R.File=/home/"корисничко_име"/upisi.log
(бидејќи немаме пристап до root директориумот)
Attachments (5)
- 1.jpg (58.0 KB ) - added by 15 years ago.
- 2.jpg (57.9 KB ) - added by 15 years ago.
- 10.jpg (89.8 KB ) - added by 15 years ago.
- isis_project_in_eclipse.png (13.3 KB ) - added by 10 years ago.
- eclipse_ide_choose_jdk.png (44.3 KB ) - added by 10 years ago.
Download all attachments as: .zip