wiki:ElektronskiUpisi

Version 11 (modified by ii10946, 17 years ago) ( diff )

Електронски упис на семестар и предмети

Општо за целата приказна

Ваквата услуга би овозможила уписите на семестрите и на предметите да се врши електронски. Системот да биде веб ориентиран така што студентот Притоа за време на пријавување на семестри, оваа опција ќе биде достапна кај студентот и тој соодветно ќе може да запише предмети за тој семестар. На тој начин во електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одреден семестар, колку кредити има досега соберено, уште колку кредити му фалат за да дипломира, итн…

Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил … итн.

Најавување на системот

Треба да се разгледа системот од страна на студент и професор. Студентот треба да може да се логира на системот со корисничко име и лозинка и да ги означи оние предмети (од веке понудените) кои ке сака и ке може да ги слуша во тековниот семестар. Професорот да има увид од тоа колку студенти ке го следат предметот.

Време: 7 дена

Запишување на семсетар

Студентот ке ги дефинира основните податоци кои се бараат за запишување на семестар, со тоа што ке ги пријави предметите кои ги положил предходниот семестар, врз основа на што ке му се дефинира листа за предмети коишто ке може да ги запише во наредниот семестар.

Време: 5 дена

Запишување на предмети

Студентот треба да може да ги избере оние предмети кои ке сака да ги слуша во тековниот семестар. Ова ке се направи такашто ке има можност да избира од понудените предмети (кои за секој студент не се исти) коишто може да ги слуша во тековниот семестар.

Време: 5 дена

Списоци на студенти по предмет

Да може системот по пријавувањето на сите студенти да им овозможи на професорите да имаат увид колку студенти го следат предметот и кои се тие.

Време: 4 дена

Откако студентот ќе биде најавен на системот ќе му се отвори една корисничка страна со подобар кориснички интерфејс. Времето на изработка на корисничкиот интерфејс ќе биде исто една недела. За време на запишување на година и на предмети на почетната корисничка страна на студентот ќе му биде достапно да запишува семестри и предмети. Изработката на формата за запишување на семестри и предмети ќе трае 2 недели, со тоа што ќе се опфатат сите оние потребни информации кои засега се пишуваат на листови за запишување на семестри и предмети. Во овој дел ќе бидат опфатени не само семестрите и предметите кои ги запишува студентот, туку и кредитите кои ги запишува и колку кредити има собрано до сега. Значи системот ќе води сметка и за кретитиде со кои студентот располага.

Делот за пријавуање на предмети пред полагање е опфатен во друга сторија, но кога би бил имплементиран овде за него би било потребно најмалку една недела.

врати се назад

Note: See TracWiki for help on using the wiki.