Version 22 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Електронски упис на семестар и предмети
Општо за целата приказна
Ваквата услуга би овозможила уписите на семестрите и пријавувањето на предметите да се врши електронски. Системот треба да биде веб ориентиран.Студентот ќе може да запише предмети за тековниот семестар. На тој начин електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одреден семестар, колку кредити има досега соберено, уште колку кредити му фалат за да дипломира, итн… Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил итн.
Најавување на системот
Треба да се разгледа системот од страна на студент и професор. Студентот треба да може да се логира на системот со корисничко име и лозинка и да ги означи оние предмети (од веке понудените) кои ке сака и ке може да ги слуша во тековниот семестар. Откако студентот ќе биде најавен на системот ќе му се отвори една корисничка страна со подобар кориснички интерфејс на која едноставно ке може да го изврши својот упис. Професорот исто така ке може да се логира на системот и ке може да има увид од тоа колку студенти ке го следат предметот.
Приоритет: 3/3
Време: 10 дена
Запишување на семсетар
Студентот ке ги дефинира основните податоци кои се бараат за запишување на семестар, со тоа што ке ги пријави предметите кои ги положил предходниот семестар, врз основа на што ке му се дефинира листа за предмети коишто ке може да ги запише во наредниот семестар. Во овој дел ќе бидат опфатени не само семестарот кој го запишува студентот, туку и кредитите кои ги запишува и колку кредити има собрано до сега. Значи системот ќе води сметка и за кредитите со кои студентот располага.
Време: 6 дена
Запишување на предмети
Студентот треба да може да ги избере оние предмети кои ке сака да ги слуша во тековниот семестар. Ова ке се направи такашто ке има можност да избира од понудените предмети (кои за секој студент не се исти) и кои ке може да ги слуша во тековниот семестар. Се води сметка за дозволениот број на кредити по предмети кои може да ги запише студентот.
Време: 6 дена
Списоци на студенти по предмет
Да може системот по пријавувањето на сите студенти да им овозможи на професорите да имаат увид колку студенти го следат предметот и кои се тие.
Време: 4 дена