wiki:ElektronskiUpisi

Version 39 (modified by ii10946, 17 years ago) ( diff )

Електронски упис на семестар и предмети


Општо за целата приказна

Ваквата услуга би овозможила уписите на семестрите и пријавувањето на предметите да се врши електронски. Системот треба да биде web ориентиран. Студентот ќе може да запише предмети за тековниот семестар. На тој начин електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одреден семестар. Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил итн.

Внос на Наставен план

Изработка на база на податоци на наставниот план, со сите ограничувања за упис на студентите специфицирани како резултат на зависностите на предметите.

Приоритет: 3/3

Време: 10 дена

Внос на студенти и оцени

Изработка на база на податоци на сите запишани студенти и оцените кои ги имаат земено, предметите кои ги имаат запишано, предметите кои ги имаат положено, предметите кои ги имаат презапишано.

Приоритет: 3/3

Време: 7 дена

Најавување на системот

Треба да се разгледа системот од страна на студент и професор. Студентот треба да може да се логира на системот со корисничко име и лозинка. Професорот исто така треба да може да се логира на системот.

Приоритет: 3/3

Време: 4 дена

Електронско запишување на семсетар и предмети

Студентот ке ги дефинира основните податоци кои се бараат за запишување на семестар, со тоа што ке ги пријави предметите кои ги положил предходниот семестар, врз основа на што ке му се дефинира листа за предмети коишто ке може да ги запише во наредниот семестар и ке може да избира кои предмети ке ги запише но да не го надмине дозволениот број на кредити при упис (40). Во овој дел ке се води сметка за кредитите кои ги запишува и колку кредити има собранo секој студент.

Приоритет: 3/3

Време: 5 дена

Списоци на студенти по предмет

Да може системот по пријавувањето на сите студенти да им овозможи на професорите да имаат увид колку студенти го следат предметот и кои се тие.

Приоритет: 2/3

Време: 4 дена

Проверка на упис

По пријавувањето на семестарот студентот ке добие повратна информација за запишан семестар и ке добие детален опис за предметите кои ги слуша.

Приоритет: 2/3

Време: 2 дена


врати се назад

Note: See TracWiki for help on using the wiki.