Version 12 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Општо за системот за колоквиуми
Предноста на овој систем е во тоа што студентите ќе може да си ги распоредат колоквиумите онака како што им одговара, и онака како што ќе можат да постигнат најдобри резултати.
- пред секоја недела за пријавување колоквиуми потребна е една недела за договарање и внесување на термините за колоквиумите од страна на асистентите и професорите
- една недела е недела за пријавување на колоквиуми
Колоквиуми - закажување термини
Понекогаш распоредот за колоквиумска недела не е успешно направен и студентите се приморани да полагаат 4 или 5 колоквиуми во два дена. Идеата за надминување на овој проблем е да се закажат повеќе термини за полагање на еден колоквиум(најмалку три). Една недела пред колоквиумска недела е недела за пријавување на колоквиуми.
Приоритет: 3/3
Време:
Колоквиуми - избор термини
Студентот се логира на системот и избира кој термин од наведените најмногу му одговара. Со тоа студентот сам го составува распоредот во колоквиумска недела. Со самиот избор на термин студентот си резервира место за истиот колоквиум, а ако не избере термин се смета дека тој нема да оди на колоквиум на тој предмет.
Приоритет: 3/3
Време:
Колоквиуми - списоци на пријавени студенти
По завршетокот на неделата за пријавување се објавува конечна листа за сите термини и за сите колоквиуми.
Приоритет: 3/3
Време:
Колоквиуми - поставување развојна околина
За да се развива и тестира паралелено системот треба да се постави развоен сервер. На серверот ќе има инсталирано MS SQL Server 2000, Windows Server Web 2003, .Net 3 framework. Треба да се инсталира базата.
Време: 1 ден
Колоквиуми - поставување сервер
За да тргне системот во живо треба да се инсталира сервер. На серверот ќе има инсталирано MS SQL Server 2000, на друг сервер ќе има Windows Server Web 2003, на трет сервер има и .Net 3 framework. Треба да се инсталира апликацијата (кога ќе се направи). Треба да се инсталира базата. Ќе треба да се тестира дали работи на новата платформа.
Приоритет:
Време: 1 ден.