Version 9 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Понекогаш распоредот за колоквиумска недела не е успешно направен и студентите се приморани да полагаат 4 или 5 колоквиуми во два дена. Идеата за надминување на овој проблем е да се закажат повеќе термини за полагање на еден колоквиум(најмалку три). Една недела пред колоквиумска недела е недела за пријавување на колоквиуми. Студентот се логира на системот и избира кој термин од наведените најмногу му одговара. Со тоа студентот сам го составува распоредот во колоквиумска недела. По завршетокот на неделата за пријавување се објавува конечна листа за сите термини и за сите колоквиуми. Со самиот избор на термин студентот си резервира место за истиот колоквиум, а ако не избере термин се смета дека тој нема да оди на колоквиум на тој предмет. Предноста на овој систем е во тоа што студентите ќе може да си ги распоредат колоквиумите онака како што им одговара, и онака како што ќе можат да постигнат најдобри резултати.
Приоритет: 3/3
Време на итерација:
- за да се изработи овој софтвер потребно е 2 - 4 недели
- за истиот соодвено да проработи на некој сервер е потребен 1 - 2 дена.
- пред секоја недела за пријавување колоквиуми потребна е една недела за договарање и внесување на термините за колоквиумите од страна на асистентите и професорите
- една недела е недела за пријавување на колоквиуми