wiki:NarativVnesuvaNastavenPlan

Version 2 (modified by Evica Ileiva, 17 years ago) ( diff )

  1. Најпрвион одговорниот за настава се логира на системот со своето корисничко име и лозинка при што влегува во системот за внесување на нов наставен план.
  2. По влегувањето во системот одговорниот за настава најпрвин ги внесува предметите од наставниот план.
  3. Следно системот му нуди на одговорниот за настава да ги внесе зависностите кои важат меѓу предметите во наставниот план, се разбира доколку постојат такви.
  4. По внесувањето на зависностите меѓу предметите, системот го прашува одговорниот за настава дали постојат дополнителни услови кои се поврзани со одредени предмети кои одговорниот за настава ги внел во вториот чекор.

Доколку постојат одговорниот за настава ги внесува овие услови во системот, а ако не се продолжува на следниот чекор.

  1. Следно, системот го прашува корисникот дали постојат услови за запишување на семестар. Доколку постојат тие услови одговорниот за настава ги внесува, а ако не се продолжува кон наредниот чекор.
  2. Следно одговорниот за настава ги внесува условите кои треба да бидат исполнети од студентите за да дипломираат.
  3. На крај системот печати листа на се што е внесено за наставниот план, и бара потврда од одговорниот за настава дека се е точно внесено. Ако одговорниот за настава потврди за точноста на податоците, се објавува наставниот план.

назад

Note: See TracWiki for help on using the wiki.