Version 2 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Наративна Форма на Use case-от запишува семестар
- Use case-от започнува кога студентот сака да се логира на системот. Тој внесува корисничко име и лозинка. Системот прикажува форма за логирање.Потоа ја проверува валидноста на корисничкото име и лозинката со постоечките во базата. И доколку се е во ред го пушта студентот да се најави на системот.
- Потоа студентот избира предмети кои сака да ги запише во следниот семестар. Системот ги прикажува предметите и за секој предмет пооделно системот го обележува како запишан и му го доделува на студентот.
- Студентот потоа избира група за настава со која сака да ја следи наставата. Системот најпрво ја проверува големината на групата. Доколку не е надмината квотата го запишува студентот во таа група. Ако пак квотата е надмината ги известува студентот и одговорниот за настава дека квотата за крупата “таа и таа“ е надмината, и дека системот сега ќе отвори нова група, која подоцна мора да биде валидирана од одговорниот за настава, со можност групата да биде сменета или избришана.
- Откако студентот ќе ги избере саканите предмети и стисне на копчето за поднесување барање за запишување на семестарот, системот издава поле за внесување на валидна емаил адреса. Доколку студентот веќе има внесено емаил адреса, системот ја прикажува истата и чека таа да биде валидирана од страна на студентот. Студентот запишува нова емаил адреса или ја валидира постоечката соодветно.
- Сега студетот го комплетира поднесувањето на барање за запишување на семестарот. Системот ги запишува промените во база и го известува одговорниот за настава дека има барање за запишување на семестар кое чека да биде одобрено.
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.