Version 11 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Уверение за положени предмети
Приоритет: 2/3
Општо за целата приказна
Со оваа услуга би се овозможило студентите да можат да доставуваат електронско барање за уверение на положени испити до службата за студентски прашања, по што тие би закажале термин за подигнување на уверението од дирекцијата, коешто е веќе пополнето како резултат на доставените пополнети електронски пријави за испит. Обврска на студентот би било да ја назначи целта за која ќе служи тоа уверение.
- треба да се направи форма за внесување на потребните информации од клиентска страна, како и форма со која ќе се овозможи пречатење на веќе пополнатата форма
- предуслов на софтверот е претходно изработен систем за електронско внесување на положени испити, за да може автоматски да се подготви уверението
Доставување на барање за уверение
Студент пристапува на системот и избира дека сака да добие уверение за положени предмети и за која намена ќе го користи уверението. Претходно треба да има платено и уплатата да е влезена во системот.
Време: 4 дена
Разгледува барања за уверение
Референт во студентската служба ги листа сите пристигнати барања за уверение и селектира кои уверенија не се проблематични, за печатење. Бира датум на важност и датум кога студентите можат да ги подигнат. Ги печати барањата, ги потпишува и ги става во сандаче за достава до студенти. Заедно со нив печати и список на кој при доставата, приемот ќе го потпишат студентите. Доколку одлучи дека некои барања не треба да им се издаде уверение треба да напише за секое од нив, од која причина не се добива уверение.
Време: 3 дена
Праќање на известувања до студенти
Еднаш дневно системот ги поминува сите одобрени и одбиени барања и испраќа email до сите студенти за датумот кога можат да ги подигнат барањата.
Време: 2 дена
Подигнување на уверение
Студентот ја чита добиената email порака со термин за подигнување на уверението или пристапува на системот и таму може да го види терминот. На лице место се потпишува на списокот барања, дека го подигнал уверението.
Време: 1 ден