Version 25 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Електронсо пријавување на испити
Приоритет: 2/3
Општо за Електронско пријавување испити
Електронското пријавување на испити би му олеснило на студентот околу пријавување на одредени испити. Сакаме систем кој студентот не мора да биде физички присутен пред студетнски прашања во рокот на пријавување ан испити со што би се намалила гужвата и би се заштетиоло времето на студентите.
Избор на испити
Потребно е студентот да одбере кои испити би сакал да ги пријави за полагање за веќе запишаните предмети. Потоа за секој предмет треба да даде соодветни информации, кај кој професор ќе го полага, итн.
Ограничување: студентот може да се пријави за испит по определен предмет само во двете последователни сесии веднаш по слушањето на предметот.
Приоритет: 3/3
Време: 7 дена
Списоци на пријавени испити
Професорот ќе може да го види моменталниот број на пријавени студенти (и за нив да спреми точен број на соодветен материјал). Може да се овозможи и преглед на сите студенти кои ќе полагаат одреден испит од страна на студентот.
Приоритет: 3/3
Време: 7 дена
Повратни информации за веќе пријавени испити
Откако студентот ќе ги пријави испитите тој добива повратна информација кои испити ги има пријавено во тековната испитна сесија. Исто така студентот ќе има можност да избере приказ на подетални информации за пријавени испити и од претходните испитни сесии. Тоа би се реализирало така што би имало падачко мени или листа за избор на сесијата во која студентот има пријавено испити(со тоа што студентот во овие испитни сесии нема да може да пријавува испити). Ако веќе студентот има избрано преглед на постара сесија, тој може да види кои од пријавените испити ги има положено и каков резултат постигнал на испитот. Ова во целост би ја заменила дешната пријава на листови.
Приоритет: 2/3
Време: 10 дена