Version 37 (modified by 17 years ago) ( diff ) | ,
---|
Електронско пријавување на испити
Приоритет: 2/3
Општо за Електронско пријавување испити
Електронското пријавување на испити би му го олеснило на студентот процесот на пријавување на испити. Потребен е систем во кој студентот не мора да биде физички присутен пред студентски прашања во рокот на пријавување на испити со што би се намалила гужвата и би се заштедило времето на студентите. Втор проблем кој треба да го решава овој систем е поставување предуслови за организацијата на полагањето во една сесија, така што секој институт, катедра, завод, наставник ќе имаат информации за бројот на пријавени студенти, предметите кои ги пријавиле и начинот на полагање.
Избор на испити
Потребно е студентот да одбере кои испити би сакал да ги пријави за полагање за веќе запишаните предмети. Потоа за секој предмет треба да даде соодветни информации, кај кој професор ќе го полага, итн.
Ограничување: студентот може да се пријави за испит по определен предмет само во двете последователни сесии веднаш по слушањето на предметот.
Приоритет: 3/3
Време: 7 дена
Бобан
Списоци на пријавени испити
Професорот ќе може да го види моменталниот број на пријавени студенти (и за нив да спреми точен број на соодветен материјал). Може да се овозможи и преглед на сите студенти кои ќе полагаат одреден испит од страна на студентот.
Приоритет: 3/3
Време: 7 дена
Киро
- Дали оваа функција се однесува и на студентите кои следат постдипломски студии?
- Дополнување: студенот да може да види кои испити ги има пријавено
Повратни информации за веќе пријавени испити
Студентите можат да ги гледаат сите претходно пријавени и положени испити и да ја видат целата евиденција поврзана со статусот на пријавата како документ и целиот тек на процесирање на пријавата. Ова би дало можност во целост да се замени пријавата на лист хартија.
Приоритет: 2/3
Време: 10 дена
Прашања
Што се случува ако некој испит е изоставен и не е пријавен кога бил рокот за пријавување?
Што се случува ако студентот го преполага испитот, кој веќе еднаш е внесен во системот?
Што се случува ако студентот слуша предмет кој се држи на друг факултет, каде тој испит ќе се забележи?