wiki:onlineConsultations/procesNaRazvoj

Version 1 (modified by 13803, 10 years ago) ( diff )

Процес на развој

Креирање на база на податоци (Ticket #156)

Креирањето на првичната верзија на базата на податоци беше врз основа на креираниот ер – дијаграм. Се започна со креирање на табелите кои се однесуваа на корисниците на системот (професори и студенти) и на курсевите. По воспоставување на овие релации, лесно беа креирани и останатите табели кои всушност се однесуваат на главната функционалност на системот, а тоа е креирање, закажување и одржување на онлајн консултации. По извршената ревизија и пополнување на табелите со тест податоци, ја добивме и конечната верзија на базата. Оваа верзија на базата претрпе минимални измени во текот на различните верзии на проектот, измени кои се однесуваа главно на атрибутите на ентитетите или на типот на овие атрибути.

Правење првичен прототип (Ticket #157)

Првиот изработен прототип, односно првата презентирана верзија на системот ги содржеше некои од основните функционалности, функционалности кои сметавме дека се најбитни и од чие правилно имплементирање зависеше и реализацијата на главната функционалност на системот, а тоа е закажување и одржување на онлајн консултациите. Оваа верзија содржење форми за креирање на нови корисници, креирање профил на професор и на студент, креирање на различни курсеви, креирање на различни улоги, како и запишување на студент на одреден курс и доделување на професор на курсот. Овие функционалности и форми беа потребни за да може после тоа да ги креираме формите за креирање консултации кои беа во релација со корисниците и курсевите. Главно формите креирани во оваа верзија од проектот беа едноставни и содржеа полиња за внесување на потребните податоци или листи со понудени опции (како листа со предмети кои студентот ги има запишано или сака да ги запише) и со основните копчиња за потврдување и откажување. Во прилог се дадени како изгледаат овие форми.

Правење втор прототип(Ticket #158)

По завршување на функционалностите дефинирани со Ticket #157, беше направено исцрпно тестирање и ревизија на креираните форми и нивното функционирање. По корегирање на неколкуте грешки и некои дополнувања се започна со имплементирање на формите за форум и консултации. Веќе имавме форми за управување со студенти, професори и курсеви и веќе ги имавме релациите на форумот и консултациите со овие табели во базата, па следно што направивме беше креирање на форми за креирање форум и секако за поставување прашања и одговори на истиот. По креирањето на овие форми, беа креирани и почетни едноставни верзии (со неколку атрибути) на закажување на консултациите и одржување на истите. На крајот на овој таск имавме функционален прототип на проектот каде можеше професорот да закаже консултации, студентите да поставуваат прашања и професорот и/или студентите да одговараат на истите. Забелешка: Првично беше дефинирано дека во оваа верзија ќе биде имплементирана анкета за избор на термин на консултации, но ова подоцна доби многу понизок приоритет во однос со функционалноста закажување и одржување на консултациите, па неговата имплементација беше оставена за понатамошните верзии на системот.

Правење трет прототип (Ticket #159)

Оваа фаза на проектот започна со веќе имплементира основни функционалности на системот, па главно се задржавме на дополнување на овои функционалности со детали и подобрување на изгледот на прототипот, и на навигацијата низ системтот. Во оваа фаза најмногу се задржавме на имплементирање на сите дефинирани функционалности поврзани со закажување, откажување и одржување на консултациите. Не само што сите овие функционалности беа успешно имплементирани во новиот инкремент, туку ги имплементиравме и опциите за давање анонимна оцена на одговор на поставено прашање на консултациите, како и формирана средна оцена за секој оценет одговор видлива за сите учесници на консултациите. На крајот имавме систем каде професорите можеа да закажат, презакажат и откажат консултации, каде консултациите можеа да се одржат во закажаниот термин. Студентите и/или професорите кои имаа пристап до консултациите можеа да поставуваат прашања и одговори, а можеа и овие одговори да ги оценат.

Ревизија на прототипот и планирање на идни верзии (Ticket #160)

По извршената презентација на последната верзија на проектот беше одлучено да се додадат како функционалност и проватни консултации. Овој тикет се однесува главно на имплементирање на оваа опција во системот. За да бидат реализирани приватните консултации беа потребни мали измени како во базата на податоци, така и во формите за креирање на консултации. Дополнително беа додадени и форми за креирање и одржување на приватните консултации. Последната верзија на системот ја подржува и оваа опција за закажување и одржување на приватни консултации.

Attachments (13)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.