Version 2 (modified by 10 years ago) ( diff ) | ,
---|
Додаток 1 - Атрибути на карактеристики
11.1 Статус
Proposed | Системот ќе треба да овозможи комуникација помеѓу менаџерите на различните оддели. Системот да овозможи комуникација помеѓу вработен и менаџер. |
---|---|
Approved | Системот мора да е постојано достапен. Системот мора да дозволи интуитивен и детален преглед за кариерата и талентите на еден вработен во компанијата. Системот мора да дозволи преглед на ефикасност на одделот и/или компанијата (доколку се прави целосен преглед) со моментално вработените лица и нивните таленти и работни позиции. Системот мора да дозволи комуникација на менаџерите на одделите со одделот за човечки ресурси. Системот мора да дозволи прераспределба на работниот персонал за одреден временски период. Системот ќе мора да дозволи креирање на титули. Системот ќе мора да дозволи промена на веќе постоечки титули. Системот ќе мора да дозволи бришење на непотребни титули. |
Incorporated | Системот мора да дозволи достава на документи од кандидати за работно место. |
11.2 Придобивки
Critical | Системот мора да е постојано достапен. Системот мора да дозволи интуитивен и детален преглед за кариерата и талентите на еден вработен во компанијата. Системот мора да дозволи преглед на ефикасност на одделот и/или компанијата (доколку се прави целосен преглед) со моментално вработените лица и нивните таленти и работни позиции. Системот мора да дозволи комуникација на менаџерите на одделите со одделот за човечки ресурси. Системот мора да дозволи прераспределба на работниот персонал за одреден временски период. Системот ќе мора да дозволи креирање на титули. Системот ќе мора да дозволи промена на веќе постоечки титули. Системот ќе мора да дозволи бришење на непотребни титули. Системот мора да дозволи достава на документи од кандидати за работно место. |
---|---|
Important | Системот ќе треба да овозможи временска распределба на вработените на одредено работно место. |
Useful | Системот ќе треба да овозможи комуникација помеѓу менаџерите на различните оддели. Системот да овозможи комуникација помеѓу вработен и менаџер. |
11.3 Обид
Развојниот тим се состои од 7 луѓе кои што ќе се разгледаат и преиспитаат сите можни агли на процесот на развој на системот и со деталната спецификација која што ќе ја изработи тимот да се извлечат сите можни барања од клиентот за полесна понатамошна имплементација.
11.4 Ризик
Постојат неколку ризици на кои треба да се внимава. Најголем ризик претставува временското ограничување. Треба да се внимава на рокот на достава на системот даден од надлежните така што во зависност од големината на тимот ќе треба правилно да се прераспределат задачите. Исто така ќе треба да се земат во обѕир можните промени и дополнувања на барањата и желбите на клиентите кои што можно е да придонесат временски импакт врз тековните задачи кои што се извршуваат. Покрај тоа постои и ризик системот да не исполнува некои барања или пак да не ги исполни очекувањата на клиентите иако тие ќе бидат вклучени во процесот на изградба на системот.
11.5 Стабилност
Стабилноста на системот е критична и постојано ќе треба да се внимава на неа. Со јасно однапред дефинирани барања и извлечени сите критични податоци и барања на клиентите ќе се осигураме да не се појавуваат големи отстапки од целта но сепак станува збор за голем проект така што клиентите кои ги дефинираат барањата и целите ќе бидат во постојана комуникација и системот ќе трпи промени доколку се менуваат барањата и очекувањата на клиентите додека трае изградбата на системот.
11.6 Дата на издавање
Датата на издавање односно пуштање во употреба на овој систем не е се уште позната.
11.7 Доделувања
Со дополнителна организација, во процесот на изградба на овој проект, точно ќе се следи кој член од тимот има одредена задача од проектот исто така и рок за истата. Дополнително ќе се вметнат и консултации со надлежните кои ќе сепак ќе го надгледуваат процесот на изградба.
11.8 Причина
Како што е напоменето повеќе пати низ оваа визија, ваквиот систем ќе овозможи поедноставно, поинтуитивно следење на кариерите и талентите на вработените во една компанија со цел истата да ја зголеми својата продуктивност. Исто преку опциите за прераспределба на персоналот во одредени или пак итни случаи компанијата ќе може да функционира во различни ситуации и сценарија, така што продуктивноста ќе биде повеќекратно зголемена.