wiki:Features

Version 3 (modified by 116001, 10 years ago) ( diff )

--

5. Product Features

5.1 Внесување нов вработен

Внесувањето на избраниот вработен е една од основните функционалности кои овој систем мора да ги поседува. Вработените мора да бидат внесени во системот со сите нивни податоци, токму она што оваа функционалност го нуди.

5.2 Ажурирање вештина/талент на вработен

Секој вработен во компанијата е потребно да има статистика и податоци во врска со него, како и со неговите вештини и таленти, сработеното итн. Оваа функционалност го нуди токму тоа. Потребна е за полесно менаџирање како и чување на податоците и оцените на еден вработен. Оној вработен кој треба да се оценува од страна на човековите ресурси ќе биде избран и системот ќе му понуди можност за внесување, бришење и менување на неговите таленти и вештини.

5.3 Ажурирање титула на вработен

Оваа функционалност е слична со претходната. Разликата е во тоа што тука се менува титулата на одреден вработен. Доколку добие промена на работното место истото ќе мора да се ажурира во системот, што се овозможува со оваа функционалност.

5.4 Креирај титула

Претходната функционалност всушност е последица на оваа. Функционалноста за креирање титула мора да постои во системот со цел да се додаваат титулите и соодветно платата за секоја титула со цел истите да можат и да бидат доделувани на вработените од страна на системот.

5.5 Креирај вештина/талент

Слично како и креирај титула, функцоналност која служи за додавање на вештини и таленти кои еден вработен би можел да ги изврши. Со помош на оваа функционалност подоцна се врши ажурирањето како и оценувањето на вработените.

5.6 Отпуштање на вработен

Оваа функционалност е многу слична на претходната, со таа разлика што овде се отпушта некој вработен, при што се брише неговата титула.

5.7 Пребарување вработени со одредени вештини

Пребарувањето исто така е многу важна функционалност за полесно снаоѓање при потреба на било каков вид на пребарување на вработен. Многу е корисна и ефикасна во врска со процесот на пребарување на вработени, го скратува времето на пребарување, како и нуди различни видови на пребарување како што се вештините, титулите, оцени итн., се со цел избирање на подобар и поадекватен кадар за извршување на одредени задачи, т.е. избирање вработени со одредени вештини.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.