Version 1 (modified by 10 years ago) ( diff ) | ,
---|
4.1 Перспектива на продуктот
Овој систем постои самостојно, односно не е составен дел на поголем функционален систем. Така истиот претставува еден вид на затворен систем. Системот делува автономно во околината.
4.2 Извештај на способности
Бенефит на корисник | Карактеристики за поддршка |
Брзо пронаoѓање на соодветен персонал за отворено работно место | Самото постоење на системот овозможува следење на кариери и брзо пронаоѓање на потребен персонал, всушност една од целите на овој систем е токму ова |
Задоволство од достапноста и брзината до пристап на информациите | Постојаното ажурирање на информациите за кариерите и талентите на вработените во компанијата |
Олеснето управување со позициите на вработените | Една од целите на системот е правилното управување со позициите на вработените преку функционалностите на самиот систем |
Правилно искористување на квалитетите и талентите на вработените | Компанијата која го користи системот има пристап до информации за квалитетите и талентите на секој од вработените, со што се овозможува максимално искористување на нивниот потенцијал |
Поефикасно функционирање на компанијата | Самото користење на системот од страна на компанијата придонесува за нејзино поефикасно работење и функционирање, коешто е овозможено од карактеристиките на системот |
Достапен на интернет, 24 часа дневно. | / |
4.3 Заклучоци и зависности
Според карактеристиките на овој систем, и покрај менувањето на вработените, системот ја има токму целта за следење на кариерите на истите, па така нема потреба од правење измени во овој документ.
4.4 Цена и чинење
Потреба од упатство за користење на системот, чија проектирана цена е 10.00$.
4.5 Лиценца и инсталирање
Не е потребна посебна инсталација на системот, затоа што е web апликација и ќе биде лоциран на интернет.
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.