wiki:Stakeholders

Version 17 (modified by 116003, 10 years ago) ( diff )

--

Заинтересираните страни и кориснички опис

Со напредок на технологијата, имаме можност за брзо и ефикасно решавање на повеќето од проблемите, како во нашиот случај наоѓање на соодветен професионал за успешно работење на некоја голема и реномирана компанија. Како што спомнавме нашиот систем управува со работните места и постоечките кариери, па затоа тој ќе биде користен од менаџери за добивање информации,од одделот за човечки ресурси, кој ќе внесува информации во системот. Затоа што системот ќе биде web апликација, потребен ни е персонал од ИТ секторот како систем инженери,развоен тим и администратор. Финансискиот дел ќе биде покриен од постоечката компанија AerCap.

3.1 Демографија на пазарот

Поради големата конкуренција кај авио компаниите, цените за летовите постојано паѓаат, па се поголем процент од популацијата во светот може да си овозможи брз транспорт до одредено место со користење на авиони. Тоа значи поголем пазар за авио компаниите, а со тоа и за компанија која се занимава со продажба, купување и изнајмување на авиони. За успешно функционирање на оваа голема компанија, која не се состои само од една или две професии, потребен е систем кој што ќе ги следи постоечките кариери од оваа област и оние кариери кои ќе овозможат на поефикасен начин да функционира самата компанија. Од тие причини ние се одлучивме за ваков систем.

Ние сме нова организација од овој дел на пазарот, па според тоа треба да ги докажеме нашите способности. Воедно сакаме да стекнеме добра репутација на една реномирана организација која ќе нуди корисни решенија. Со овој продукт планираме да го постигнеме тоа и да се искачиме на повисоко ниво, а понатаму да изработуваме и многу други проекти, со што ќе станеме барани и препознатливи ширум светот.

3.2 Резиме на заинтересираните страни

Name Represents Role
Систем администратор Ќе го надгледува системот Одржување на системот
АеrCap Финансиската страна на проектот Корисник на информацискиот систем
Систем инженери Избирачи на платформа за вклопување на системот со компанијата
Развоен тим Развивачи на системот, од кои директно ќе зависи квалитетот на системот Целосна изградба на системот и негово тестирање во предвидениот рок
Менаџери Најзасегнати корисници на системот Ќе влечат и внесуваат информации од системот
Оддел за човечки ресурси Корисници на системот Внесување информации за постоечките професии

3.3 Корисничко резиме

Name Description Stakeholder
Менаџери Ќе бараат потребен персонал за извршување на одредена задача или за вработување Менаџери
Оддел за човечки ресурси Ќе ја надоградува базата со податоци со информации за постоечките професии Оддел за човечки ресурси
AerCap – ИТ оддел Ќе го одржуваат системот Систем инженери, систем администратори
Апликанти Аплицираат за некое работно место Апликанти
Корисници Се логираат на системот Менаџери, оддел за човечки ресурси, систем администратор

3.4 Околина на корисникот

Луѓето кои имаат пристап за користење на системот се менаџерот на фирмата, вработените во оделот за човечки ресурси и за време на одредени временски периоди. Бројот на луѓе кои го користат системот се менува во зависнот колкав степен на ажурирања ќе има врз титулите, вештините или вработените. Секоја активност трае од неколку минути до неколку саати (очекувањата се 4-5 часа најмногу). Системот ќе може да се користи од било кој уред кој е поврзан со интернет конекција. Системите кои веќе се во употреба во текот на наредниот временски период ќе се прилагодуваат кон ново креираниот систем и евентуално ќе се спојат во еден заеднички систем.

3.5 Профили на заинтересираните страни

3.5.1 <Менаџери>

Representative Трајанка Ристова
Description Менаџерот дава нформации за тоа кои функции треба да ги има системот и колку добро тие му помагаат во извшувањето на неговата работа и како еден од главните корисници на системот најважно е да бидат здоволени неговите потреби.
Type /
Responsibilities Да следи како се одвива развојот на системот и дали се одвива во вистинскиот правец и да дава насоки и критики.
Success Criteria Успешен развој на системот и системот ги задоволува потребите на менаџерот.
Involvement Постојана комуникаци за добивање информации за функционалноста на системот. Дава оценка на системот
Deliverables /
Comments / Issues /

3.5.2 <Оддел за човечки ресурси>

Representative Игор Хаци-Котаров
Description Одделот за човечки ресурси како еден од главните корисници на системот важно е да ги имаат сите функционалности кои им се потребни, исто така се консултираат за тоа колку лесно се користи системот затоа што тие најмногу го користат.
Type /
Responsibilities Да следат како се одвива развојот на системот и дали се одвива во вистинскиот правец и да даваат насоки и критики и доставуваат формати на документи потребни во процесот на вработување.
Success Criteria Успешен развој на системот и системот ги задоволува потребите на одделот за човечки ресурси.
Involvement Комуникацијасо развојниот тим за тимот да може да ги дефинира функционалностите на системот.
Deliverables Оглас за вработување. Апликација за нови вработени. Листа со вештините кои постојат во компанијата.
Comments / Issues /

3.5.3 <Систем администратор>

Representative Дончо Зафировски
Description Систем администраторот ќе има посебен модул на системот за кој ќе треба да достави податоци како истиот очекува да функционира.
Type /
Responsibilities Комуникација со развојниот тим. Тестирање на системот.
Success Criteria Успешно работење на системот, исполнети потребите на систем администраторот.
Involvement Го тестира системот и помага при специфицирање на апликацијата.
Deliverables /
Comments / Issues /

3.5.4 <Систем инженери>

Representative Васко Лазаров
Description Систем инженерите ќе имаат работа да го проучуваат системот постојано за да може да се вклопат во работата за градење на надградби на самиот. Интеграција на новиот систем со веќе постоечкиот доколку постои.
Type /
Responsibilities Изградба на нови надградби и поправки на дефекти во системот. Постојана интеграција и мигрирање на податоците и функционалностите од стариот систем на новиот (секако доколку постои).
Success Criteria Успешни изведени инсталации на надградби и успешно поправени дефекти. Успешна и комплетна миграција од стариот систем на нов.
Involvement Тестирање,спецификација и интегрирање на системот со постоечкиот.
Deliverables /
Comments / Issues /

3.5.5 <Развоен тим>

Representative Мартин Блажевски
Description Во развојниот тим припаѓаат оние членови кои ќе бидат задолжени за подготвување на документација и анализи за системот кој ќе се гради, изведување на негов дизајн потоа и негова имплементација, се тоа во рамки на договорениот краен рок.
Type /
Responsibilities Подготвување на документација и анализи, дизајнирање и имплементирање на системот, негово одржување.
Success Criteria Успешна имплементација на системот во рамките на договорениот краен рок. Успешни поправки на пронајдени дефекти.
Involvement Целосна изработка на системот со користење на добиените информации од команијата.
Deliverables Готов функционален систем
Comments / Issues /

3.5.6 <AerCap>

Representative Весна Костовска
Description Одговорната институција AerCap Holdings претставува одговорната институција која што ќе го финансира процесот на изградба на овој систем и потоа ќе го користи за свои цели.
Type /
Responsibilities Финансирање на системот од страна на AerCap
Success Criteria Зголемена продуктивност на целата компанија и поефективно работење
Involvement Надгледување на работата и напредокот на развојнио тим
Deliverables = Финансиски средства
Comments /
Issues /

3.6 Кориснички профили

3.6.1 <Менаџери>

Може да пребарува вработени според внесени критериуми.
Representative Трајанка Ристова
Description Менаџерите ќе имаат увид во оценките и ќе можат да ги следат кариерите и талентите на своите вработени поточно вработените во својот оддел и доколку сакаат да вработат нов вработен контактира со одделот за човечки ресурси.
Type /
Responsibilities Дава оценки за вработените и се грижи за успешно функционирање на својот оддел и е вклучен во процесот на одбирање на нови вработени.
Success Criteria Успешно следење на кариерите и талентите и поголема ефикасност на компанијата со помош на претходните податоци и извори.
Involvement Бара вработени, дава оценки на вработени и вработува/отпушта вработени
Deliverables /
Comments / Issues Недостапност на системот, не-синхронизирани и неконзистентни податоци за кариерите и талентите на вработените (неуспешна комуникација оддел за човекови ресурси – менаџер)

3.6.2 <Оддел за човечки ресурси>

Representative Игор Хаци-Котаров
Description Одделот за човечки ресурси ќе раководи со персоналот, да вршат прегледи на титули, преместување на персонал од еден оддел во друг и внесување на податоци за нов вработен и историја на било кој друг вработен
Type /
Responsibilities Човечки ресурси правилно да раководат со персоналот и со сите дополнителни пропратни документи на персоналот. Да внимаваат на процесот на задачите кои им се зададени како што е истражување на титулите во фирмата и нивните минимални и максимални плати и нивно преместување и да се во привремена комуникација со менаџерите преку кои ќе можат да ги ажурираат податоците за кариерите и талентите на вработените.
Success Criteria Успешно следење на кариерите и талентите и поголема ефикасност на компанијата со помош на претходните податоци и извори.
Involvement Внесува информации за вработени
Deliverables /
Comments /
Issues Недостапност на системот, не-синхронизирани и неконзистентни податоци за кариерите и талентите на вработените (неуспешна комуникација оддел за човекови ресурси – менаџер)

3.6.3 < AerCap IT оддел >

Representative Тодор Стефановски
Description IT одделот ќе се грижи системот да функционира правилно, ќе се грижи за неговата достапност во и вон канцелариските простори на AerCap Holdings (пристап на системот од Интернет), поправки на пронајдени дефекти и недостапоци, и исто така негова надградба со комуникација и помош развојниот тим
Type /
Responsibilities Ќе го одржува системот, поправки на дефекти и недостатоци
Success Criteria Ефикасност и достапност на системот и негово успешно работење и намалување на бројот на недостатоци.
Involvement /
Deliverables /
Comments /
Issues /

3.6.4 <Корисници>

Representative Трајче Ристов
Description Вработените од одделот за човечки ресурси, менацерите и систем администраторот имаат свои кориснички профили на системот. Со истите тие можат да се логираат и да го користат системот
Type /
Responsibilities Логирање на системот
Success Criteria Успешно логирање на системот и негово користење
Involvement /
Deliverables /
Comments /
Issues Недостапност на системот

3.7 Key Stakeholder / User Needs

Need Priority Concerns Current Solution Proposed Solutions
Системот треба да овозможи комуникација на вработените од одделот за човечки ресурси со менаџерите од секој оддел MUST / / Комуникација која ќе се одвива главно преку електронска пошта и/или приватни пораки
Системот треба да овозможи на апликантите да ги праќаат или прикачуваат потребните документи за работно место MUST / / Прикачување на податоци на cloud server farm на самата фирма.
Системот мора да овозможи преглед на сите постоечки титули во фирмата и можност за нивно менување (промена на минимална и максимална плата) MUST / / Овозможено од модулот на системот за преглед на на титули и нивна промена, како интегриран дел во целиот систем
Системот ќе мора да овозможи манипулирање со веќе постоечки но и додавање и бришење на титули од системот MUST / / Овозможено од модулот на системот за преглед на на титули и нивна промена, како интегриран дел во целиот систем
Системот треба да овозможи манипулација со вработените поточно со нивните титули, плати, историски факти и белешки MUST / / Дополнителен вграден модул од системот кој ќе овозможи манипулирање на вработените од страна на одделот за човечки ресурси за сите вработени или пак од менаџерот за вработените од својот оддел
Менаџерите да внесуваат податоци и да ги ажурираат историските факти и да донесуваат дополнителни белешки за вработените и нивните кариери и таленти MUST / / Дополнителен модул за манупулација со работните места на вработените со посебен пристап за оддел човечки ресурси и посебен пристап за секој менаџер со преглед за својот оддел
Системот треба да овозможи статистички преглед на ефикасноста на вработените и нивниот придонес кон самата компанија MUST / / Секој менаџер ќе има пристап до соодветен статистички панел кој ќе претстсавува преглед на статистиките на вработените кои се во неговиот соодветен оддел
Според одредени статистики и критериуми со обзир на историските факти на еден вработен менаџерите ќе имаат можност да пребаруваат низ персоналот на својот и одреден оддел (со соодветна дозвола) доколку имаат недостаток и потреба од персонал соодветно на критериумите кои се внесени при пребарувањето / / / Доколку има потреба и постои недостаток на персонал еден менаџер ќе има можност да пребара одреден персонал преку панелот со статистики за секој вработен, со соодветни карактеристики и потреби и ќе може да ги префрли привремено на друга одредена работа. Со соодветна дозвола ќе може да пребарува и персонал од останатите оддели
Покрај титулите дополнително е потребно и дефинирање на вештини кои што ги има одреден вработен. Исто така одделот за човечки ресурси ќе ја има опцијата за додавање на нови или бришење на постоечки вештини (доколку е тоа потребно). Дополнително ќе се воведат и нивоа на вештини кои ќе се менуваат во зависност од оценките од менаџерот и историските факти MUST / / Системот ќе содржи посебен модул со кој ќе содржи база од сите вештини на сите вработени во фирмата. Преглед на сите тие ќе има одделот за човечки ресурси со додатна можност да додаваат нови или да бришат постоечки вештини. Исто така тие ќе бидат надлежни за ажурирање на нивоата на вештините на еден вработен во зависност од оценките од менаџерот и историските факти.

3.8 Alternatives and Competition

3.8.1 <TrackStar>

Манипулација со титули

Овој систем има можност да им претстави на корисниците преглед на сите титули кои постојат во компанијата. Детално за секоја има преглед колку моментално вработени има по одредена титула, графата за плата на таа титула поточно минималната и максималната плата што може да се додели на вработен на таа соодветна титула и дополнително нуди дефинирање на нови потребни титули и дефинирање на нивните карактеристики (плата, работно време и сл.) или пак бришење на веќе постоечки и непотребни титули

Upload на апликации

Дополнително, доколку се објави конкурс за работно место, во која било објава стои дополнителна информација односно линк или адреса до јавна локација на системот каде што секој апликант има можност електронски да ги достави своите документи (како што се кратка биографија, мотивациони писма, барани пополнети документи од страна на фирмата). Нема да има потреба од пребарување низ e-mail сандачиња и проблематични ситуации како промашени или пак недоставени документации. Дополнително имаме потреба од cloud space.

Пребарување по таленти и вештини

При секојдневна работа на фирмата може да се појави недостаток на персонал. Доколку се одвива некоја важна функција/работа во компанијата нема доволно време за распишување на конкурс за работа, преглед на апликации и вработување на нова личност. Во вавки итни случаеви преку системот менаџерите можат да ја пребараат фирмата за одреден вработен кој ги исполнува минималните критериуми за работата во која има недостаток од персонал, односно критериумите на пребарувањето така што привремено еден вработен може да се префрли и да работи во одделот каде што има недостаток. Менаџерите имаат можност да го пребаруваат само својот оддел но со барање и дозвола од човечки ресурси може да ги пребаруваат и останатите оддели, доколку е потребно.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.