wiki:Stakeholders

Version 3 (modified by 116003, 10 years ago) ( diff )

--

Заинтересираните страни и кориснички опис

Со напредок на технологијата, имаме можност за брзо и ефикасно решавање на повеќето од проблемите, како во нашиот случај наоѓање на соодветен професионал за успешно работење на некоја голема и реномирана компанија. Како што спомнавме нашиот систем управува со работните места и постоечките кариери, па затоа тој ќе биде користен од менаџери за добивање информации,од одделот за човечки ресурси, кој ќе внесува информации во системот и апликанти кои ќе ги внесуваат своите биографии кога ќе аплицираат за работа. Затоа што системот ќе биде web апликација, потребен ни е персонал од ИТ секторот како систем инженери,развоен тим и администратор. Финансискиот дел ќе биде покриен од постоечката компанија AerCap.

3.1 Демографија на пазарот

Поради големата конкуренција кај авио компаниите, цените за летовите постојано паѓаат, па се поголем процент од популацијата во светот може да си овозможи брз транспорт до одредено место со користење на авиони. Тоа значи поголем пазар за авио компаниите, а со тоа и за компанија која се занимава со продажба, купување и изнајмување на авиони. За успешно функционирање на оваа голема компанија, која не се состои само од една или две професии, потребен е систем кој што ќе ги следи постоечките кариери од оваа област и оние кариери кои ќе овозможат на поефикасен начин да функционира самата компанија. Од тие причини ние се одлучивме за ваков систем.

Ние сме нова организација од овој дел на пазарот, па според тоа треба да ги докажеме нашите способности. Воедно сакаме да стекнеме добра репутација на една реномирана организација која ќе нуди корисни решенија. Со овој продукт планираме да го постигнеме тоа и да се искачиме на повисоко ниво, а понатаму да изработуваме и многу други проекти, со што ќе станеме барани и препознатливи ширум светот.

3.2 Резиме на заинтересираните страни

Name Represents Role
Систем администратор Ќе го надгледува системот Одржување на системот
АеrCap Финансиската страна на проектот Корисник на информацискиот систем
Систем инженери Избирачи на платформа за вклопување на системот со компанијата
Развоен тим Развивачи на системот, од кои директно ќе зависи квалитетот на системот Целосна изградба на системот и негово тестирање во предвидениот рок
Менаџери Најзасегнати корисници на системот Ќе влечат и внесуваат информации од системот
Оддел за човечки ресурси Корисници на системот Внесување информации за постоечките професии
Апликанти Корисници на системот за аплицирање за работа Внесуваат свои биографии при аплицирање за одредено работно место во компанијата

1.1.4 <AerCap>

Representative Весна Костовска
Description Одговорната институција AerCap Holdings претставува одговорната институција која што ќе го финансира процесот на изградба на овој систем и потоа ќе го користи за свои цели.
Type /
Responsibilities Финансирање на системот од страна на AerCap
Success Criteria Зголемена продуктивност на целата компанија и поефективно работење
Involvement Надгледување на работата и напредокот на развојнио тим
Deliverables = Финансиски средства
Comments /
Issues /
Note: See TracWiki for help on using the wiki.