wiki:Stakeholders

Version 5 (modified by 116003, 10 years ago) ( diff )

--

Заинтересираните страни и кориснички опис

Со напредок на технологијата, имаме можност за брзо и ефикасно решавање на повеќето од проблемите, како во нашиот случај наоѓање на соодветен професионал за успешно работење на некоја голема и реномирана компанија. Како што спомнавме нашиот систем управува со работните места и постоечките кариери, па затоа тој ќе биде користен од менаџери за добивање информации,од одделот за човечки ресурси, кој ќе внесува информации во системот и апликанти кои ќе ги внесуваат своите биографии кога ќе аплицираат за работа. Затоа што системот ќе биде web апликација, потребен ни е персонал од ИТ секторот како систем инженери,развоен тим и администратор. Финансискиот дел ќе биде покриен од постоечката компанија AerCap.

3.1 Демографија на пазарот

Поради големата конкуренција кај авио компаниите, цените за летовите постојано паѓаат, па се поголем процент од популацијата во светот може да си овозможи брз транспорт до одредено место со користење на авиони. Тоа значи поголем пазар за авио компаниите, а со тоа и за компанија која се занимава со продажба, купување и изнајмување на авиони. За успешно функционирање на оваа голема компанија, која не се состои само од една или две професии, потребен е систем кој што ќе ги следи постоечките кариери од оваа област и оние кариери кои ќе овозможат на поефикасен начин да функционира самата компанија. Од тие причини ние се одлучивме за ваков систем.

Ние сме нова организација од овој дел на пазарот, па според тоа треба да ги докажеме нашите способности. Воедно сакаме да стекнеме добра репутација на една реномирана организација која ќе нуди корисни решенија. Со овој продукт планираме да го постигнеме тоа и да се искачиме на повисоко ниво, а понатаму да изработуваме и многу други проекти, со што ќе станеме барани и препознатливи ширум светот.

3.2 Резиме на заинтересираните страни

Name Represents Role
Систем администратор Ќе го надгледува системот Одржување на системот
АеrCap Финансиската страна на проектот Корисник на информацискиот систем
Систем инженери Избирачи на платформа за вклопување на системот со компанијата
Развоен тим Развивачи на системот, од кои директно ќе зависи квалитетот на системот Целосна изградба на системот и негово тестирање во предвидениот рок
Менаџери Најзасегнати корисници на системот Ќе влечат и внесуваат информации од системот
Оддел за човечки ресурси Корисници на системот Внесување информации за постоечките професии
Апликанти Корисници на системот за аплицирање за работа Внесуваат свои биографии при аплицирање за одредено работно место во компанијата

3.3 Корисничко резиме

Name Description Stakeholder
Менаџери Ќе бараат потребен персонал за извршување на одредена задача или за вработување Менаџери
Оддел за човечки ресурси Ќе ја надоградува базата со податоци со информации за постоечките професии Оддел за човечки ресурси
AerCap – ИТ оддел Ќе го одржуваат системот Систем инженери, систем администратори
Апликанти Аплицираат за некое работно место Апликанти
Корисници Се логираат на системот Менаџери, оддел за човечки ресурси, систем администратор
Нотификанти Испраќаат или примаат е-mail нотификации Менаџери, оддел за човечки ресурси, апликанти

3.4 Околина на корисникот

Луѓето кои имаат пристап за користење на системот се менаџерот на фирмата, вработените во оделот за човечки ресурси и за време на одредени временски периоди, луѓето кои аплицираат за можност за вработување во фирмата. Бројот на луѓе кои го користат системот се менува во зависнот дали фирмата бара вработени или не. Секоја активност трае од неколку минути до неколку саати (очекувањата се 4-5 саати најмногу) Системот ќе може да се користи од било кој уред кој е поврзан со интернет конекција. Системите кои веќе се во употреба во текот на наредниот временски период ќе се прилагодуваат кон ново креираниот систем и евентуално ќе се спојат во еден заеднички систем.

3.5 Профили на заинтересираните страни

3.5.1 <Менаџери>

Representative Трајанка Ристова
Description Менаџерот дава нформации за тоа кои функции треба да ги има системот и колку добро тие му помагаат во извшувањето на неговата работа и како еден од главните корисници на системот најважно е да бидат здоволени неговите потреби.
Type /
Responsibilities Да следи како се одвива развојот на системот и дали се одвива во вистинскиот правец и да дава насоки и критики.
Success Criteria Успешен развој на системот и системот ги задоволува потребите на менаџерот.
Involvement Постојана комуникаци за добивање информации за функционалноста на системот. Дава оценка на системот
Deliverables /
Comments / Issues /

3.5.2 <Оддел за човечки ресурси>

Representative Игор Хаци-Котаров
Description Одделот за човечки ресурси како еден од главните корисници на системот важно е да ги имаат сите функционалности кои им се потребни, исто така се консултираат за тоа колку лесно се користи системот затоа што тие најмногу го користат.
Type /
Responsibilities Да следат како се одвива развојот на системот и дали се одвива во вистинскиот правец и да даваат насоки и критики и доставуваат формати на документи потребни во процесот на вработување.
Success Criteria Успешен развој на системот и системот ги задоволува потребите на одделот за човечки ресурси.
Involvement Комуникацијасо развојниот тим за тимот да може да ги дефинира функционалностите на системот.
Deliverables Оглас за вработување. Апликација за нови вработени. Листа со вештините кои постојат во компанијата.
Comments / Issues /

3.5.3 <Апликанти>

Representative Зорица Јанева
Description Апликантите ќе обезбедат информации за тоа како ќе биде уреден делот за апликации на објавени огласи, поконкретно колку информации ќе добиваат за тоа до каде е процесот на избор на кандидат.
Type /
Responsibilities Помагаат при дефинирањето на спецификациите за делот за аплицирање и оценување на тоа колку ги задоволува потребите.
Success Criteria Делот за аплицирање од системот ќе им се допаѓа и ќе им биде лесен за користење на поголемиот дел од апликантите.
Involvement Спецификација на барања за делот за аплицирање. Тестирање на делот за аплицирање.
Deliverables /
Comments / Issues /

1.1.4 <AerCap>

Representative Весна Костовска
Description Одговорната институција AerCap Holdings претставува одговорната институција која што ќе го финансира процесот на изградба на овој систем и потоа ќе го користи за свои цели.
Type /
Responsibilities Финансирање на системот од страна на AerCap
Success Criteria Зголемена продуктивност на целата компанија и поефективно работење
Involvement Надгледување на работата и напредокот на развојнио тим
Deliverables = Финансиски средства
Comments /
Issues /
Note: See TracWiki for help on using the wiki.